„Хуманитарни акции во Македонија“ организираат Василичарски донаторски пункт во Скопје

Од здружението „Хуманитарсни акции во Македонија“ информираат дека се организира Василичарски донаторски пункт во Скопје. 

Следната недела во вторник ќе се донира по повод Василица на социјално ранливи категории по принцип пријавување и превземање лично.

Подигнувањето е на 14.01.2025 год вторник, од 15.00 до 16.30 часот попладне.

Може да се донираат пакети со храна, топли оброци и бургери и фабричко производство.

- Ќе се запишуваат кои имаат потреба од облека, лекови итн. Пријавувањето се врши на официјалниот број 070 601 068 (пожелно на Вибер) и на фејсбук страницата на „Хуманитарни акции“.  Благодариме на активистите и на донаторите, како и на вашето внимание и доаѓање точно на време, споделуваат организаторите.