Хуманитарна промоција на поетската книга „Јас без сенка“ од Теодор Богоевски

Под мотото „Заедно до целта – да му помогнеме на Тео Богоевски да го оствари својот сон!“ – во среда, во 21 ч., во Кантина (Дебар Маало) ќе се одржи хуманитарна промоција на првата поетска книга на Теодор Богоевски насловена „Јас без сенка“. Издавањето на оваа книга го помогна Издавачки центар ТРИ, а сите средства собрани од продажбата ќе одат во прилог на хуманитарната акција за купување на потребната количка што ќе му овозможи на Тео осамостојување и поголема слобода на движење по кои долго копнее.

Тео Богоевски  е амбициозен студент на Правниот факултет. Храбар човек кој отворено зборува за својот хендикеп. Младич кој не може со полни раце да заграби од животот и да го направи следниот чекор без туѓа помош. Поетска душа која промислува за љубовта и пријателството, за отуѓеноста на луѓето, за животот погледнат од инвалидска количка...

Проникнете во неговиот мал свет и неговата голема душа – и направете добро дело!