Хуманитарна организација плаќа патарина при посета на сиромашните, државата глува

„Благодарност“ до Јавното претпријатие за државни патишта и директорот Зоран Китанов кој го одби нашето барање и НЕ НЀ ОСЛОБОДИ од плаќање на патарините (знаеме дека премногу ќе осиромашат ако нѐ ослободат) и со тоа ја „олеснува“ нашата работа при посета на семејствата кои имаат потреба од помош. Средствата кои ги одвојуваме секој месец за патарините, би можеле да ги искористиме за храна на барем уште едно социјално загрозено семејство.
Директоре, секоја чест за вашата „посветена” работа во помагањето на нашата хуманитарна организација.
Сликите се од нашата денешна “прошетка“ до Каратманово и Кучкарово. 230 денари… – ироничната благодарност доаѓа од отец Оливер Петровски.

Тој на македонската јавност и е познат како голем хуманитарец, кој преку Хуманитарна организација „Свети Спас“ има помогнато на многу семејства кои гладувале, живееле на студ, немале основно услови за опстаување. Отец Оливер е револтиран што наместо за патарини, парите може да се донираат на социјално загрозените семејства. Месечните трошоци за патарини полнат цел фрижидер за прехрана на едно семејство.

Но се чини државните институции немаат слух за сиромашните…