Хуманитарна изложба на инстаграм фотографии

Уште едно убаво дружење на инстаграм фанови, со цел заеднички да здружиме сили, во собирање донации.

Овој пат ќе собираме донации за малата Јана Грковска.

И за самохрана мајка на која е потребно да и се помогне освен парично, било што друго: храна, покуќнина, облека, средства за хигиена.

Зимата доаѓа, па да помогнеме, барем малку. Дружењето е закажано за сабота, 5 Декември во 21 часот во кафулето Концепт 37.