
Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски сподели дека деновиве на територијата на општината, под мотото „Подај рака-хумана општина Илинден” се реализирала голема хуманитарна акција, чија цел била да им се помогне на ранливите категории на граѓани.
Тој посочи дека хуманитарната акција се организира по повод големиот национален и христијански празник Илинден, во чии рамки биле дистрибуирани околу 70 хуманитарни пакети.
„Овие празнични денови се потсетник за сите нас за вистинските човечки вредности како меѓусебната поддршка. Сакам да изразам голема благодарност до сите општествено одговорни компании и граѓани кои овозможија преку свои донации успешно да се спроведе оваа голема хумана акција“, порача Георгиевски.