Хуманитарна акција на ГА „Скопјанката Мајка Тереза“ за поплавените

Граѓанската асоцијација „Скопјанката Мајка Тереза“ во соработка со Црвениот крст за настраданите во поплавите во Скопско за два дена собра 13 илјади денари, голем број пакети со храна, вода и облека за бебиња, деца и возрасни.

Во акцијата се вклучи и сликарот Живко Поповски-Цветин, кој подарува насликани цветови за сите хумани луѓе кои донираат материјални или парични средства.

Донирањето продолжува секој ден, од 10 до 22 часот. Цветин и денеска повторно ќе слика за оние кои сакаат да донираат.