Хуманитарен велигденски базар во Св. Петка во Кисела Вода

По повод велигденските празници, утре во црквата Св. Петка во Кисела Вода, се одржува хуманитарен базар во организација на Здружението на слепи лица Скопје и Општина Кисела Вода.

На настанот чиј почеток е закажан за 10 часот, од страна на членовите на Здружението ќе бидат изложени изработени и декорирани велигденски погачи, пити, колачи, велигденски јајца и други рецепти, кои го симболизираат најголемиот христијански празник Велигден. Најдобрите изработки ќе добијат парични награди кои ги обезбеди Општина Кисела Вода. Тие ќе бидат наменети за социјално загрозените членови на ова здружение.

Општина Кисела Вода информира дека во рамките на пролетното чистење на овој дел од градот, од страна на локалната самоуправа преку секторот за месна самоуправа, во изминатите неколку дена посебен акцент беше ставен врз чистењето на локациите кои се во близина на црквите на цела територија на Општина Кисела Вода.

 

nike air max 1 sale