Хуманитарен настан: Подарете љубов и хуманост за Денот на жената

Слаткарниците „Magic Cake“ и „Борка“ - Здружение за борба против ракот во име на хуманоста на 7, 8 и 9 Март во слаткарниците на „Magic Cake“ ќе организира за прв пат во Македонија еден сладок и хуман настан под мотото „Подарете Љубов и Хуманост за Денот на Жената“

„Подарете букет од рози со мирис на чоколада“ ја раскажува приказната на неверојатните слатки задоволства на слаткарниците од „Magic Cake“ предводени од слаткарскиот гуру Катерина Алексовска во заедничка хуманост во соработка со Здружението „Борка“ под раководство на Биба Додева, нашиот познат хуманист и истакнат вокал.

Со купување на барем еден десерт со совршена осмомартовска декорација креирана од тимот на „Magic Cake“ донирате 10% од вредноста на производот како хумана поддршка за потребите на Здружение за борба против ракот - „Борка“.

Подарете букет од рози - мафини, подарете роза во кутија, подарете колаче со порака, подарете слатка кутија полна со чоколадни рози - мафини за вашите најсакани дами, жените на вашиот живот, а со тоа подарете хуманост на оние на која им е најпотребна.

Десертите и сите слатки задоволства може да ги купите и да донирате во Слаткарниците на „Магична торта - Magic cake“ во Козле и Аеродром.