Хуманитарен базар се одржа во општина Центар каде учество земаа основните училишта „Кирил и Методиј“, „Коле Неделковски“ и градинката „13 Ноември“. Градоначалникот Горан Герасимовски на својот Фејсбук профил објави дека собраните средства ќе се донираат во хуманитарни цели.
„Хуманитарните активности се важен дел од развојот на децата, затоа што ги учиме најмладите од мали нозе за солидарност и за емпатија, да се помогне онаму кадешто е најпотребно.
Вчера, на предновогодишниот хуманитарен базар купив прекрасни креативни рачни изработки на учениците и дечињата од основните училишта „Кирил и Методиј“, „Коле Неделковски“ и градинката „13 Ноември“.Се заблагодарувам до сите ученици кои учествуваа на базарот, до наставниот кадар и до родителите кои ги подготвуваа изработките. Собраните средства ќе се донираат во хуманитарни цели“, напиша Герасимовски.