Хуманитарен базар во храмот „Св. Петка“

По повод Велигденските празници денеска во црквата „Св. Петка“ во Скопје, ќе биде одржан хуманитарен базар во организација на Здружението на слепи лица Скопје и општина Кисела Вода.

На настанот, што ќе почне во 10 часот, од страна на членовите на Здружението ќе бидат изложени изработени и декорирани велигденски погачи, пити, колачи, велигденски јајца и други рецепти, кои го симболизираат најголемиот христијански празник Велигден.

Најдобрите изработки ќе добијат парични награди кои ги обезбеди општина Кисела Вода.