Хуан Мата: Суперкупот во Скопје ни е приоритет

Манчестер јунајтед ќе се сретне со Реал Мадрид денеска во 23 часот во пријателски меч во САД, но оној вистинскиот дуел помеѓу нив е на 8. август во Суперкупот во Скопје. 

Хуан Мата вечерва очекува одличен дуел со Реал Мадрид за американската публика, но вели дека она за што тимот размислува повеќе е дуелот во Скопје.

„Секогаш е добро кога играш против тимови како Реал Мадрид. Тие имаа фантастична сезона. Имаат фантастичен тим и ќе биде добро за двата тима и за американските фанови, се надевам дека ќе имаме одличен натпревар“ - вели Мата.

Запрашан за Суперкупот во Скопје, Мата одговори: „Во моментов размислуваме на него. Се обидуваме за тој меч да бидеме во најдобра форма во која можеме, физички и ментално, затоа тренираме напорно во оваа претсезона“.

„Суперкупот е во нашите мисли и ќе се обидеме од Скопје да донесеме уште еден трофеј во нашата витрина, се надеваме дека ќе одиграме на најдобро ниво“.

До мечот во Македонија, Манчестер јунајтед ќе одигра седум пријателски натпревари на подготовките, досега играа против Галакси, Реал Солт Лејк, Манчестер Сити, а пред нив се дуелите со Реал Мадрид, Барселона во САД и против Валеренга и Сампдорија откако ќе се вратат од турнејата. Мата верува дека комплетно ќе бидат подготвени за дуелот во Скопје.

„Откако ќе се вратиме од САД ќе имаме уште два натпревари, вкупно седум, што е повеќе од доволно за да бидеме подготвени за Суперкупот. Се надевам дека сите ќе бидеме спремни, ќе немаме повреди и ќе се обидеме да го победиме Реал Мадрид“.

nike air max 1 sale