Хрватскиот голман Ивиќ е новото засилување на Вардар?

Како што неофицијално дознаваме хрватскиот голман Филип Ивиќ е на само еден чекор до потпис за актуелниот Европски шампион, Вардар.

Според неофицијални информации кои стигнаа до нашата редакција веќе има начелен договор меѓу менаџментот на Ивиќ и управата на Вардар.

Уште одамна се зборуваше за кокетирањето на хрватскиот интернационалец со македонскиот шампион, сепак тој се одлучи да го послуша советот на неговиот менаџерски тим и од Полска се упати кон Германија.

Сега кога клубот кој беше добитен повеќе не е доволно атрактивен, Ивиќ повторно се врти кон Македонија, а по се изгледа дека овој пат Ивиќ конечно ќе го стави својот потпис и ќе застане помеѓу стативите на Европскиот шампион.