Хрватски „Конзум“ го мерка пазарот во Македонија: Првиот маркет на почетокот на 2019 година?

Хрватскиот „Конзум“ кој е дел од групацијата „Агрогор“  изминатите неколку месеци го скенира бизнисот со супермаркети во Македонија и интензивно размислува за влегување на нашиот пазар. Ова за Скопје Инфо го потврдуваат извори од компанијата која е ангажирана да направи анализа на пазарните случувања и состојби во државава.

Од таму потврдуваат дека анализата е на самиот крај и дека хрватската компанија е речиси пред одлука да започне ивестициски активности во Македонија. Доколку се тече според планот на почетокот на следната година првиот „Конзум“ треба да биде отворен во Скопје.

„Конзум“ е најголем хрватски ланец на супермаркети со повеќе од 12 илјади вработени и 700 супермаркети. Освен во Хрватска, тој е присутен на пазарите во Србија и Босна и Херцеговина.

Изминатиот период оваа компанија со соочуваше со реорганизациски промени поради што беа затворени голем број маркети и беа отпуштени работници.

Како влегувањето на „Конзум“ ќе влијае на конкуренцијата во Македонија останува времето да покаже.