
Нова пратка со зеленчук од Македонија била запрена при обид да биде извезе во Хрватска, објави Телма ТВ.
До Европскиот систем за брзо предупредување за храна, за само 10 дена стигнале уште две известување од Хрватска, за спорни пратка со лути пиперки испорачани од земјава.
Во системот на Европската комисија пратката била означена со „сериозен ризик“.
Хрватска и претходно реагираше до европскиот систем за 50 тони овошје и зеленчук од Македонија, при што и тогаш стануваше збор за пиперки, но и пратки со сливи.