ХРОНО ИСХРАНА: Јадете што сакате, колку сакате, а слабеете

Хроно исхраната е посебен начин на исхрана во кој јадете што и колку сакате, а губите килограми.Основната идеја за режим на исхрана по одредено време потекнала од францускиот лекар Alain Delabosa, кој го има регистрирано својот програм во 1986 година. Овој програм претрпел бројни промени во светот.

Предност е тоа што се учи здрав начин на живот, нема јо-јо ефект, односно губење килограми, па нивно брзо враќање, и нема пореметувања во метаболизмот.

Речиси кај секого има 100 проценти успех.Првата фаза од програмот на исхрана, рестриктивен режим кој трае 28 дена, подразбира неконзумирање на брзи шеќери во облик на слатки, овошjе, бел/жолт шеќер, вештачки засладувачи итн., како и на алкохолни пијалаци кои содржат висока концентрација на алкохол, тврди пијалаци. По спроведување на рестриктивниот режим, одредени продукти постапно се вклучуваат во исхраната.

Со програмот на хроно исхраната се овозможува за брзо време, без голема мака, да се научат принципите на здрава исхрана, како и правилен избор на намирници и добра комбинација на истите.

Трите основни принципи на кои се базира програмот хроно исхрана се:

Создавање на алкална средина во организмот (обезкиселување), затоа што закиселувањето предизвикува хронични воспалителни и дегенеративни заболувања (карциноми, инфаркт, шеќерна болест и сл.)

Правилен временски распоред на дневните оброци. Задолжителни се три главни оброци во денот (појадок, ручек, вечера) со временско растојание од 4-6 часа меѓу нив, кога не треба да се внесува никаква храна. Дозволен е внес на вода и чаеви од билки (никако овошни).

Глуциден индекс (ГИ). Брзината со која одредена храна го зголемува нивото на шеќерот во крвта (гликозата), односно примена на таканаречени спори шеќери, т.е. сложени јагленихидрати во исхраната.

Посебно е значаен по тоа што сите правила можат да се применат во семејството и што децата можат многу рано да се насочат кон целта да имаат долг и здрав живот.

Оние кои се заболени од најчестите современи болести на метаболизмот, во рок од 10-30 дена можат да ги намалат вредностите на холестеролот, триглицеридите и шеќерот.

Програмот има одредени правила и постојат барања кон кои мора да се придржува, а од друга страна рестрикциите се минимални и лесно се поднесуваат.

Предност на програмот на хроно исхрана е во тоа што никогаш не се јавува таканаречениот „јо-јо“ ефект (губење – враќање на тежина), а метаболните пореметувања трајно се решаваат.

Резултатите покажуваат 100% успех кај сите оние кои успеале да ги совладаат основите на физиолошки процеси.

Во рамките на нашиот центар за дијагностика ги извршуваме сите неопходни дијагностички процедури со цел да се утврди постоечката здравствена состојба, а потоа во тек на повеќемесечни консултативни прегледи и контроли го следиме постигнатиот резултат.

Со програмот нашиот тим на лекари и нутриционисти препорачува одредена комбинација на витамини, антиоксиданси, минерали и аминокиселини, исклучително според резултатите на целните дијагностички процедури, така што со овие протоколи се забрзуваат резултатите и се овозможува трајност на постигнатите ефекти.

КОЛКУ ВРЕМЕ ТРЕБА ДА СЕ БИДЕ НА ХРОНО ИСХРАНА И КОИ ПРОДУКТИ ГИ ВКЛУЧУВА?

Првата фаза од програмот на исхрана, т.н. рестриктивен режим кој трае 28 дена, подразбира неконзумирање на брзи (прости) шеќери во облик на слатки, овошjе, бел/жолт шеќер, вештачки засладувачи итн., како и на алкохолни пијалаци кои содржат висока концентрација на алкохол, тврди пијалаци. По спроведување на рестриктивниот режим, одредени продукти постапно се вклучуваат во исхраната.

Доколку кај некој пациент се најде одредена интолеранција на некоја храна, во траење од 3-6 месеци се спроведува т.н. детоксикација од таа храна, а по спроведување на истата, полека, постапно се враќа таа намирница во исхраната.

Промената на некои стекнати штетни навики и прифаќањето на здравите навики во исхраната, како и совладувањето на основите на физиологијата на исхрана ќе требаат понатака да се применуваат трајно во животот. И тоа е основниот принцип на хроно исхраната.

ОЧЕКУВАНИ ЕФЕКТИ

Оваа програма дава извонредни резултати кај гојазните, лицата кои боледуваат од дијабет и кај сите луѓе кои имаат зголемени маснотии во крвта или било кој облик на метаболен синдром. Како напомена би рекле дека кај луѓето за многу кратко време се постигнува подобрување на сите физиолошки параметри (веќе во првите 24 часа, најдоцна до 7 дена). Во случај на примена било каква претходно пропишана терапија од ординирачкиот лекар, дејството на тие лекови може да се потенцира и да дојде до непожелни реакции, како пад на крвниот притисок и шеќерот во крвта. Крвниот притисок и шеќерот тогаш мора да се контролираат повеќе пати дневно, а терапијата (која некогаш била и повеќегодишна) мора да се намали, што не е препорачливо да го прави самиот пациент.

НАЧИН НА СПРОВЕДУВАЊЕ

Со програмот на хроно исхраната се овозможува за брзо време, без голема мака, да се научат принципите на здрава исхрана, како и правилен избор на намирници и добра комбинација на истите. Програмот на хроно исхрана подразбира конзумирање на храна во одредено време од денот, три пати дневно со растојание од 4-6 саати помеѓу оброк.