Хроно диета: Секоја втора жена од Македонија полуде по овој начин на исхрана, ослабнуваат и до 20 килограми месечно

Убавото време, приближувањето на летото и на летните одмори ги натера многу жени, да почнат да внимаваат како се хранат, со цел убаво да изгледаат тие неколку дена додека се на плажа.

Некои спортуваат уште од рана пролет, некои држат строги диети.

Во последно време, се повеќе е актуелна хроно диетата. Секој втор муабет на жените им е до каде се диетата и колку ослабнале, што јадат и како се чувстуваат.

На Фејсбук има направено и група, каде сите си споделуваат свои искуства. Интересно е тоа, што групата постојано се проширува со нови членови, претежно жени, но ќе се најде и по некој маж.

Од она што може да се прочита таму е дека резултатите се зачудувачки, а жените кои ја држат диетата презадоволни.

Кај хроно исхраната најважно е да имате редовни „термини“ за јадење во денот. Се доручкува секој ден во точно време, се руча по 5-6 часови, а по исто толку и се вечера.

Предност е тоа што се учи здрав начин на живот, нема јо-јо ефект, односно губење килограми, па нивно брзо враќање, и нема пореметувања во метаболизмот.

Правилен временски распоред на дневните оброци, задолжителни се три главни оброци во денот (појадок, ручек, вечера) со временско растојание од 4-6 часа меѓу нив, кога не треба да се внесува никаква храна. Дозволен е внес на вода и чаеви од билки (никако овошни).