Хризантема: Најубавиот цвет во вашиот дом носи позитивна енергија и мир

Хризантемата е едно од најубавите есенски цвеќиња. 

Во текот на есента често ни недостасуваат веселите бои, а ова цвеќе во нашиот дом може да ни донесе шаренило и убавина. 

Таа се нарекува и есенска роза и златен цвет, а потекнува од Кина, каде постои и верувањето дека носи среќни околности во нашиот живот. Таа е носител на јанг енергијата и е директно поврзана со сонцето. Во некои култури, овој цвет е симбол на едноставноста и леснотијата на живеење. 

Хризантемите имаат и различна симболика во зависност од нината боја. Белата хризантема симболизира вистина, се користи во медитацијата и ја симболизира јаснотијата на мислите. Љиљаковата е симбол на отменоста и племенитоста, а за сината хризантема се верува дека носи смиреност и инспирација. Портокаловата пак е симбол на напредок и топлина, а црвената знак за страст и силни страсти. 

Хризантемите се посебен симбол на есента, а каква боја и да одберете, таа носи оптимизам и љубов во домот.