Христовски: Паркирањето нема да поскапи, а на зонско, освен со СМС, ќе се плаќа и со бар-код од мобилен!

-Светската енергетска криза и инфлаторните влијанија како светски тренд се одразуваат и врз работењето на претпријатието. ЈП „Градски паркинг“, но во последниов квартал од годинава претпријатието ќе остане на цените кои ги има, кои патем во месец март оваа година ги намаливме за 25% за паркирање од час, вели во интервју за Вечер директорот на јавното претпријатие „Градски паркинг“, Бојан Христовски.

-Сепак, со цел да се зголеми свеста кај корисниците на нашите услуги за редовно плаќање, ќе се предложи на наредната седница на Совет на Град Скопје, доплатниот билет со актуелна цена од 990 денари, да се зголеми на 1.200 денари. Исто така, со цел заштита на животната средина, односно зеленилото во градот, во план е да се зголеми и цената за отстранување на возилата од зелена површина со специјалното возило пајак од 3.500 на 3.900 денари, како и воведување на „казнена“ политика на затворените јавни паркиралишта и катните гаражи за несовесните корисници доколку паркираат на место за лица со попреченост (3.000 денари) и за неправилно и непрописно паркирање на затворените паркиралишта и катните гаражи во износ од 500 денари. Во однос на овие предлог мерки потенцирам дека тие во никој случај нема да бидат на штета на совесните граѓани кои од 1 март паркираат по намалени цени, туку се носат со единствена превентивна цел, а тоа е наплата на редовните услуги кои ги нуди ова јавно претпријатие и воспоставување ред на паркиралиштата, појаснува Христовски. 

Тој вели дека претпријатието постојано работи на подобрување на услугите кои ги испорачува кон корисниците.

-Имено, како новина и ексклузива која може да ја најавиме, а ќе се реализира до крај на септември е дека ќе се воведе плаќање на услуги на зонските паркиралишта со QR Code,  со што ќе се овозможи нов и модерен начин на плаќање на нашите услуги без испраќање на СМС-пораки и купување на греб-картички. Со оваа новина, покрај домашните корисници ќе се воведе и можност странските државјани на поедноставен начин да извршат плаќање на паркинг услугите. 

Целото интервју на овој линк