„Христос се Раѓат, на светот Радост“ - Музичка честитка за најсветлиот празник!

Православните христијани денеска го прославуваат најголемиот христијански празник Рождество Христово или Божик. 

Нека овој светол и убав празник донесе радост, светлина и љубов во вашите срца ви посакуваме со песната „Христос се Раѓат, на светот Радост“ во продукција на „Бадникови поворки“ со поддршка и благослов од Бигорскиот манастир. 

Видео записот за ново-возобновената Божикна песна (каланда) “Христос се раѓат, на светот радост” е снимен во прекрасните предели на славниот Галичник и во манастирските одаи на Бигорскиот манастир, а песната беше објавена во 2021 година.