Христијан Мицкоски е нов директор на ЕЛЕМ

Христијан Мицкоски е нов генерален директор на АД ЕЛЕМ. Тој е професор на Машинскиот факултет при УКИМ и советник за енергетика на претседателот на Владата на Република Македонија.

„Од ЕЛЕМ информираат дека досега под раководство на Дејан Бошковски беа реализирани редица значајни инвестициски зафати. Изграден и пуштен во работа е Паркот на ветерни електрани Богданци, а заокружена е и ревитализацијата на хидроелектраните. Компанијата презема активности за изградба на нови рудници за јаглен. Се истражуваат резервите на јаглен во Делчевско и Пехчево, а во тек се и истражни активности кај селото Лавци, Преспанско. Овие активности во наредниот период ќе претставуваат платформа за отворање рудници за јаглен и за можна изградба на нова термоелектрана во источниот дел на Македонија“ стои во соопштението од ЕЛЕМ.

„Потпишан е договор за финансирање на капиталниот проект за изградба на систем за топлификација за Битола, Могила, Новаци и Логоварди. Доколку работите на терен течат според предвидената динамика се очекува до грејната сезона 2018- 2019 година да се добијат првите корисници на топлинска енергија во Битола“- додаваат од компанијата.

Почната е и постапката за набавка на нова механизација за потребите на рудниците во РЕК Битола,а во тек се и инвестициски активности од третата фаза од модернизацијата на РЕК Битола.

На новиот избор на Мицковски реагираа од СДСМ. Од таму велат дека новоименуваниот директор е уште еден промашен обид на Груевски да ги покрие промашените проекти на коишто работеше ЕЛЕМ изминативе години директно по негова нарачка.

air max 90 essential sale