Храна за подобра циркулација

Кога станува збор за доброто функционирање на нашето тело и здравје, циркулацијата е многу важна. Системот за циркулација во нашето тело е одговорен за пренесување на крв, кислород, хранливи состојки. Тој исто така е одговорен и за регулирање на телесната тежина и рН нивоата.

Лошата циркулација настанува поради висок крвен притисок, пушење и лош начин на живот. Дополнително, лошата циркулација може да предизвика кршење на косата  и ноктите, губење апетит, замор, болки во мускулите, дигестивни проблеми и тн.

Воведувањето на храна која ќе помогне за подобрување на циркулацијата е многу важно за нашето здравје.

Цвекло

Овој црвен зеленчук е одличен за подобрување на циркулацијата и затоа многу спортисти го конзумираат како сок. Цвеклото е богато со нитрати кои го подобруваат крвотокот и ни даваат енергија.

Црвен пипер

Ако сакате зачини, тогаш ова е одличен избор за вас. Капсаицинот кој се наоѓа во црвениот пипер е одговорен за интересниот вкус на овој зачин, но и за релаксација на крвните садови, што придонесува за подобрување на крвотокот и низок крвен притисок.

Цитрусно овошје

Лимоните, грејпфрутот и портокалите се одлични за подобрување на циркулацијата поради витаминот Ц кој го содржат. Освен што го штитат телото од слободните радикали тие ги зајакнуваат капиларните ѕидови  и ја подобруваат циркулацијата.

Црно чоколадо

Љубителите на чоколадо можат да престанат да имаат грижа на совест. Темното чоколадо е богато со 70% какао што го прави одлично за подобрување на циркулацијата. Тоа е богато со флавоноиди кои се познати како одлични поттикнувачи на циркулацијата.