Храна со боја на сонцето: Kако жолтите намирници го подобруваат нашето расположение и здравје?

Намирниците со жолта боја освежуваат, го подобруваат расположението и поттикнуваат добро здравје. Тука спаѓаат лимоните, бананата, пченката, некои пиперки и видови тиква и храната со слична боја.

Жолтата боја ја врзуваме со сонцето, светлината, радоста и летото. Тоа е и боја на интелигенцијата, креативноста и позитивните мисли. Кога јадеме храна со жолта боја во нас се создава чувство на радост. Кога одбираме намирници со оваа боја себеси си придонесуваме за двојна корист.

Психолозите се согласни дека на оваа боја реагираме позитивно поради првите чувства кои не потсетуваат на детството и убавите денови од летото. Заедничко за сите овие намирници е тоа што содржат каротеноиди кои влијаат на здравјето на кожата, забите, коските и косата. Тие го поттикнуваат производството на колаген, а воедно придонесуваат и за врамнотежување на рН вредностите во нашето тело.

Една од намирниците која секојдневно треба да биде на вашето мени е бананата која е намирница која се користи повеќе од 8000 години, а е богата со антиоксиданти и допамин, кој го намалува ризикот од срцеви заболувања и дегенеративни болести. Бананите содржат и високо количество на калиум, елементи кои помагаат во борбата против остеопорозата, го намалуваат крвниот притисок и помагаат кај менструалните болки. Богати се и со витамин А и Ц.

Ананасот е  намирница која придонесува за хидратација во текот на денот, а која е составена  87% од вода. Извор е на многу хранливи материи, витамини и минерали, како што се бакарот, калиумот, калциумот, магнезиумот, манганот и витамин Ц. 

Често велиме дека добро е денот да се почне со лимон, односно со топла чаша вода во која имаме додадено лимон. Тоа е одлична навика која придонесува за добро расположение, но и подобрен имунитет, свеж здив, намален холестерол и подобрена состојба на црниот дроб.