Храна против воспаленија на организмот

Воспаленијата се реакцијата на телото на стресовите – еден вид на аларм кој им јавува на клетките дека постои проблем кој треба веднаш да се реши, а знаењето која храна предизвикува воспаленија, а која се бори против нив е една од најдобрите стратегии за нивното намалување и за поздрав живот.

Капини

Капините содржат антоцијанини, состојки кои функционираат како антиоксиданси и ги намалуваат воспаленијата.

Прокељ

Овој зеленчук содржи антиоксиданс наречен сулфорафан, кој е поврзан со намалување на воспалителните соединенија, како и на срцевите заболувања и канцерот.

Цимет

Покрај подобрувањето на здравјето на мозокот и крвниот притисок, цинамалдехидот (состојка на циметот) е антиоксиданс кој ги намалува воспаленијата.

Маслиново масло

Ова масло има многу здравствени придобивки – содржи олеинска киселина која е монозаситена маст поврзана со намалување на воспаленијата.

Лук

Органосулфурните состојки во лукот ги инхибираат воспалителните ензими и ја намалуваат продукцијата на молекули кои сигнализираат воспалување во крвотокот.

Куркума

Oвој зачин е во тренд и тоа со добра причина. Полн е со куркумин, моќен антиоксиданс кој се бори против слободните радикали, истовремено намалувајќи го нивото на ензими кои предизвикуваат воспаленија.