Храна која ви гарантира силна ерекција

Доколку ви е страв дали вечерва ќе се покажете во спалната соба, наместо да се откажете пробајте најпрво со овие намирници. Оние кои пробале, ви гарантираат успех. Кај нас се вели, "каков на јадење, таков и на дело!". Затоа, ако не сакате вашиот " другар" да ви откаже во клучниот момент, задолжително пред да имате секс консумирајте ги овие намирници и пијалоци со афродизијачко дејство.

Кафе
Кофеинот ги подобрува метаболизмот и издржливоста, а го забрзува и крвотокот. Едноставно, ви ја дава неопходната енергија за ноќните љубовни акции.

Остриги
Остригите се полни со минерали, цинк и витамин Б6, кои се од витално значење за лачењето на тестостеронот, па со самото тоа ја подобруваат и ерекцијата.

Лути пиперчиња
Зачинетете го љубовниот живот со лути пиперчиња. Кога вашето лице ќе се зарумени после консумирањето на кари, тоа значи дека крвните садови ви се шират благодарение на ефектот на лутите пиперчиња. Освен нив се шират и најситните капилари во вашиот пенис.

Банани
Мажите со цврста ерекција имаат здраво срце. Затоа, јадете банани, поради калиумот кој што е добар за вашето срце и циркулација. Доколку не го сакате ова овошје, својата доза калиум пронајдете ја во портокалите или печените компири.

Вино
Виното, особено црвеното претставува одличен извор на антиоксиданти, кои го потпомагаат ширењето на крвните садови. Дејството е слично како она од вијаграта. Сепак, ограничете се на едно до две чаши вино, бидејќи премногу алкохол може да предизвика спротивен ефект.