Храна која содржи најмногу железо

Железото ни е потребно за да функционираме нормално.

Photo by Elena Mozhvilo on Unsplash

Дали знаете дека дури 17% од луѓето на светско ниво се соочуваат со недостаток на железо?

Тоа го помага движењето на кислородот во крвта, го подобрува имунолошкиот систем и ги подобрува функциите на црниот дроб. Недостатокот од овој важен минерал доведува до анемија, која се манифестира преку замор, омалаксаност и отежнато дишење.

Ова се неколку видови храна кои содржат најмногу железо.

Спанаќ

Спанаќот е еден од најдобрите извори на овој минерал, а тој се препорачува да се консумира барем еднаш неделно. Тој е дел од листата на зелени зеленчуци кои можат да се зготват, но и да се консумираат свежи, како додаток во салатите и соковите.

Сушено овошје

Иако сушеното овошје содржи многу шеќер, сепак тоа и не е толку лошо. За пример, 100 грама сушени кајсии содржат 6.31 мг железо. На оваа листа можеме да ги додадеме и урмите, сувите сливи и смокви кои се одличен додаток во појадокот.

Јајца

Јајцата можат да се подготват на различни начини и можат да се дел и од солените и слатките јадења. Тие се богати со железо од животинско, но и зеленчуково потекло. Токму тоа придонесува за одлична апсорпција.

Риба и морска храна

Рибите и морската храна содржат дури 23,8 мг на 85 гр. Можете да ги подготвите на многу начини, а освен железо, тие се богат извор и на омега 3 масни киселини.

Црвено месо

Црвеното место е еден од најдобрите извори на железо. За најдобра апсорпција се препорачува да го јадете со зеленчук кој содржи витамин Ц, или пак портокал како десерт по ручекот.