Храна која негативно влијае на сексот

Сексот е како пица. И, кога е лош, одличен е. 

Ова е нешто што можеме да го слушнеме во американските филмови често. И храната и сексот се значаен дел до нашиот живот. Според многу експерти, и едното и другото придонесуваат за лачење на некои хормони во исти делови од нашиот ум. Но, и едното и другото се исто така поврзани меѓу себе – храната има големо влијание на нашиот сексуален живот, односно нашата сексуална желба.

Ова се неколку видови храна кои треба да ги избегнувате пред сексот.

Некои видови зеленчук

Особено треба да ги избегнуваме оние видови зеленчук кои тешко се варат, односно кои често предизвикуваат гасови. Освен гравот, тука можеме да ги додадеме и карфиолот и брокулата кои можат да предизвикаат големи проблеми. 

Лук

Ова е зеленчук за кој нема потреба да наведуваме многу. Најлош е сировиот лук кој прави најголем проблем во нашето тело, но и за луѓето околу нас. Треба да знаеме дека е тешко да се ослободиме од овој непријатен мирис, а некогаш за тоа се потребни дури 24 часа. Доколку сепак сте јаделе лук и не можете да се вратите наназад, препорачуваме јаболка, марула или нане за минимизирање на мирисот.

Алкохол

За многу луѓе, алкохолот доаѓа како природен избор кога сакаат да имаат секс. Но, тој може да предизвика проблеми во однос на концентрацијата и фокусот, како и да придонесе негативно кон лоши сексуални перформанси. За некои мажи, алкохолот предизвикува проблеми со ерекцијата, а кај жените може да предизвика дехидратација на вагината, што прави пенетрацијата да биде болна. 

Кафе

Кафето може да е добар избор за да се разбудиме наутро, но според едно истражување кафето придонесува за лачење на кортизол, кој е познат како хормон на стресот. Затоа и можеби е добро да испиеме кафе наутро, но претераното пиење кафе или пак кафето пред секс, не се добра одлука за нашето здравје. 

Пржени компири

Според едно истражување објавено во Американското списание за клиничка исхрана, луѓето кои редовно јадат пржени компири живеат пократко од оние кои ретко го конзумираат овој оброк. Во ова истражување биле опфатени околу 4400 мажи и жени, а тоа покажало дека освен што помфритот негативно влијае на долговечноста, така создава и хаос на нашиот сексуален живот.