Храна која ќе ве направи помалку уморни

Многу фактори влијаат на нашето ниво на енергија – како спиеме, колку често вежбаме, нивото на стрес и тн.

Но, исхраната исто така има големо влијание. Според Ари Витен, специјалист за здрава исхрана и автор на книгата „Јадете за енергија”, треба да заборавиме на кафето и да обрнеме повеќе внимание на други состојки во исхраната кои ќе ни помогнат да ја подобриме својата енергија.

Спирулина

Спирулината е прва на листата. Оваа моќна билка содржи високи нивоа протеин, витамини, дури 11% од дневно препорачаната доза Б1, 15% од дневно препорачаната доза Б2 (рибофлавин), 21% од дневно препорачаната доза бакар и 11% железо. 

Црн дроб

За оние кои го сакаат месото, ова е како природен мултивитамин. Тој е богат со сите оние минерали и витамини кои се потребни за да функционираме одлично во текот на денот. Тој содржи цинк, магнезиум и селен, а освен тоа помага при лачење на серотонинот кој е познат како хормон на среќата.

Лосос

Лососот е риба со одличен вкус, која е особено богата со омега 3 масни киселини. Таа го подобрува крвотокот и го регулира крвниот притисок, но истовремено го подобрува расположението и ги зголемува нивоата на енергија во нашето тело.

Брокула

Брокулата е оној зеленчук кој не го обожававме премногу во нашето детство. Но, сега сфаќаме колку е корисна. Брокулите го стимулираат процесот на детоксикација во нашето тело, притоа придонесувајќи за зголемување на нивото на енергија и намалување на заморот. 

Цвекло

Цвеклото е суперхрана која содржи антивоспалителни состојки кои се докажани за подобрување на нашите способности, помагање на циркулацијата и подобрување на крвотокот. 

Калинка

Калинките се последни во листата, но тие не се најмалку важни. Тие се богати со состојки кои го подобруваат расположението и го намалуваат заморот.