Храна која го подобрува расположението

Се чувствувате нерасположено и потребно ви е нешто што ќе ви донесе позитивна енергија и подобро расположение?

Храната е најдобриот избор за тоа.

Црвена пиперка

Свежите црвени пиперки имаат повеќе витамин Ц од портокалите и лимоните. Освен тоа, тие содржат малку калории и содржат витамини кои го подобруваат расположението. 

Ореви

Оревите се здрави и хранливи, а освен тоа се и една од најдобрите ужинки која содржи омега 3 масни киселини. Овие здрави масти се корисници за мозокот и срцето, а со тоа и за подобрување на нашето расположение.

Ленено семе

Лененото семе е одличен извор на протеин, но и супер извор на омега 3 масни киселини. Тоа содржи и природни влакна кои се корисни за здравјето на срцето и се препорачуваат за подобрување на нашето расположение.

Банана

Бананите содржат витамин Б6 кој е одличен за подобрување на расположението, подобар сон, но и намалување на симптомите поврзани со предменструалниот циклус. 

Црно чоколадо

Црното чоколадо е богато со антиоксиданти кои ги зголемуваат нивоата на серотонин и нè прават посреќни. Само неколку коцки чоколадо на ден помагаат во ова. 

Путер од јаткасти плодови

Без оглед на тоа дали ќе изберете путер од кикирики или бадеми, јаткастите плодови се одличен избор за подобрување на расположението. 

Зелен чај

Зелениот чај е одличен за настинка и борба против инфекциите во нашето тело, но тој е и одличен за подобрување на расположението. Тој содржи антиоксиданти кои го подобруваат нашето расположение, ни помагаат да се избориме со инфекциите и кои спречуваат различни хронични заболувања.