Храна која го победува ракот

Просечниот човек јаде околу 1100 оброци дневно. За жал, голем дел од храната која ја конзумираме е преработена и богата со заситени масти и рафинирани јагленохидрати. Таквата исхрана е опасна и деструктивна бидејќи води кон прекумерна тежина, зголемување на ризикот од рак и висок крвен притисок и кардиоваскуларни заболувања.  На кратко, ваквата храна е рецепт за катастрофа.

Но, тоа што можеме да го направиме е да обрнеме внимание на навиките за јадење и да се обидеме да изградиме рутина на внесување здрава храна, која е богата со хранливи материи и која не само што ни помага да ги внесеме потребните  витамини и минерали, туку истовремено го штити нашето тело од гореспоменатите заболувања.

Што може да ни помогне во тоа?

Зелен зеленчук

Зелениот зеленчук како кељот, спанаќот  и зелката содржат материи кои ги штитат нашите крвни садови и се поврзани со намален ризик на заболување од дијабетес. Дополнително, тоа е храна која има антиканцерогени состојки. Оваа храна содржи важни фитохемикалии како : фолна киселина, калциум и одредени количини на омега 3 масните киселини.

Зрнест зеленчук

Зрнестиот зеленчук кој ги вклучува гравот, леќата, грашокот и боранијата е одличен за намалување на тежината, но и стабилизирање на нивото на шеќер во крвта и прекумерното јадење.

Оваа храна содржи хранливи материи кои го намалуваат нивото на холестерол во крвта и го намалуваат ризикот од заболување од одредени видови рак, на пример:  ракот на простата кај мажите.

Кромид, лук и праз

Овие видови на зеленчук содржат материи се одлични чувари на имунулошкиот, но и кардиоваскуларниот систем.

Тие се особено корисни во борбата против ракот на органите за варење и простата бидејќи многу успешно го блокираат растот на клетките на ракот.

Печурки

Различните видови на печурки имаат различен ефект на нашиот организам, но секако позитивно влијаат на нашето здравје. Дел од нив успешно помагаат во борбата против воспаленијата и инфекциите во организмот, други пак го чуваат имунолошкиот систем, го спречуваат оштетувањето на ДНК, го забавуваат растот на клетките на ракот и тн.

Тие се особено корисни во борбата против ракот на дојката бидејќи го намалуваат лачењето на естрогенот во женското тело. Но, внимавајте дека тие треба да бидат добро зготвени, бидејќи содржат токсин познат под името агаритин, кој се губи во процесот на готвење.