Храна која ги лекува проблемите со цревата, подуеноста на стомакот, чест запек и дијареа

Истражувачите кои се занимаваат со испитувањето на одредени видови на храна, веруваат дека новата диета позната под акронимот FODAMP би можела да им помогне на луѓето кои страдаат од синдром на иритабилно црево.

За оваа болест се карактеристични проблеми со цревата, интензивна болка, подувување на стомакот, констипација (запек), и дијареа (пролив).

Во споменатата диета основа на исхраната се слабо апсорбирачките шеќери па се препорачува конзумирање на намирници како што се: мед, јаболка, круши, сливи, бел и црн лук итн…

Освен тоа, добро е да се јаде храна како зелка, карфиол, брокули, грав и полиолски засладувачи кои често се наоѓаат во слатките без шеќер.

Истражувачите тврдат дека ваквиот вид на храна содржи шеќери кои лесно се разградуваат и кои се апсорбираат во тенкото црево, па поради тоа не доаѓа до симптоми на иритабилна болест на цревата.

Инаку синдромот на иритабилно црево е хронична болест од која страда 20% од популацијата и претежно е зафатена женската популација.