Кардиоваскуларното здравје е многу значајно за нашата општа благосостојба, а тоа зависи од многу фактори.
Photo by Alex Ghizila on Unsplash
Но, еден од најважните фактори е храната. Постојат видови храна кои се добри за нашето срце и кои треба да се трудиме да ги консумираме почесто.
Калинка
Калинките се популарни во текот на зимата, а тие се одлични бидејќи го штитат ѕидот на артериите, го намалуваат крвниот притисок и го подобруваат крвотокот.
Спанаќ
Овој омилен зеленчук на Попај содржи калиум, калциум, природни влакна и Б витамини. Ваквата комбинација придонесува за добро функционирање на срцето и намалување на ризикот од различни срцеви заболувања.
Банани
Бананите исто така содржат калиум, кој е одличен за регулирање на срцевата функција.
Бадеми
Бадемите помагаат во намалување на лошиот холестерол и го штитат срцето и крвните садови. Тие се богати со омега-3 масни киселини, влакна, витамин Е – тоа се хранливи материи кои го намалуваат нивото на холестерол во крвта и ги штитат артериските клетки.
Лук
Лукот е одличен за крвните садови и срцето, како и за подобрувањето на циркулацијата.
Лосос
Лососот е богат со омега 3 масни киселини кои го намалуваат ризикот од срцев удар. Тој помага за намалување на триглицеридите, ризикот од аритмија и таложењето на наслаги во артериите.
Домати
Доматите се зеленчук кој игра голема улога во намалување на ризикот од кардиоваскуларни заболувања и рак.