Храна богата со магнезиум за добар сон

Често слушаме дека не е добро да јадеме пред спиење. Сепак,  вистината е дека не треба да отидеме на спиење прејадени,  но и не треба да пробаме да заспиеме гладни.

Но, треба да знаеме дека на нашето тело му е потребна енергија од храната која ја конзумираме и кога ја немаме енергијата која ни е потребна, во нашето тело се лачи кортизол, кој е познат како хормон на стресот.

Нутриционистите препорачуваат неколку видови храна која е здрава, а и богата со магнезиум, кој е важен за многу функции во нашето тело, вклучувајќи го и добриот сон.

Банани

Бананите се први на листата бидејќи содржат големи количини мангезиум и калиум, кои се важни минерали за опуштање и затоа ја прават бананата совршена ужинка пред спиење.

Темно чоколадо

Темното чоколадо содржи 65 мг магнезиум, или околу 15% од дневна препорачана доза. 

Семки и јаткасти плодови

Од семки од тиква до ореви и бадеми, сите тие содржат високи количини магнезиум. Впрочем, само шест бразилски ореви содржат 26% од препорачаната дневна доза од овој минерал. 

Леблебија

Леблебијата е моќна, а често ја занемаруваме во нашата исхрана. Таа содржи дури 115 мг магнезиум во една рака плодови. Можете да ја конзумирате печена, во хумус или други јадења кои сами ќе ги приготвите.

Суплемент магнезиум

Доколку не успеете да ја внесете препорачаната доза магнезиум во текот на денот, една од опциите кои ги имате на располагање е и земање магнезиум како додаток во исхраната. Тоа помага да се смири умот и овозможува длабок сон и релаксација. Освен тоа, редовното земање магнезиум пред спиење придонесува за свежина по будењето наутро.