Храбри Македонки: Ова се жените кои го стопија мразот и ги урнаа стереотипите

Жените ги менуваат стереотипот за некои професии кои порано се сметаа за машки. Конечно и тие покажаа дека можат да се справат со некои машки професии. 

Им симнуваме капа на овие храбри дами:

Жени во Армијата на Македонија

Во Армијата на Македонија жените во копнената војска се застапени со 4,01 отсто и 4,89 отсто во воздухопловството и противвоздушна одбрана.

Процентуално, жените најмногу се застапени во другите служби во вооружените сили, во кои спаѓаат, на пример, цивилни лица во воена служба, медицински персонал, административен персонал, воена полиција, резервисти со целосно работно време или половина работно време.

Жена-шофер во ЈСП

Десетина жени-возачи вработени во Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) тврдат дека конечно успеале да ги срушат табуата поврзани со оваа „машка“ професија.

Додека едни не го прифаќаат ова со воодушевување, други им се поклонуваат на возачките вештини. Во земјaва пред триесетина години постоеше само една жена-возач на автобус и претставуваше своевидна градска атракција за фаќање сеир. Но, во моментов работите одат во нагорна чинија за возачите од понежниот пол.

Жена воен пилот во Македонија

Ива Матиќ е првата жена воен пилот во Македонија и единствената жена пилот во Центарот за обука на пилоти. На прашањето дали е лесно да се стане воен пилот, во оваа т.н. „машка професија“ Ива за вели:

-Првенствено е лесно затоа што ако се има мотивација  само одиш напред. Но процесот за да се стане пилот бара многу работа, одговорност, посветеност, жртви и тешко е, па и не е лесно.

Таа вели дека е динамичен човек и дека никогаш не се замислила да работи во канцеларија.

-Немав можност да го студирам ова на факултет, па завршив информатика и информатички технологии, мојата втора љубов. Само што дипломирав излезе конкурсот и се пријавив, раскажува Ива.

Девојките во елитни униформи во ЕБР

Иако работата им е непредвидлива, честопати на работ на ризик и опасност, жените во елитни униформи застануваат рамо до рамо со мажите и во најтешките полициски акции.

Девојките од Единицата за брзо распоредување „ЕБР“ од касарната Ѓорче Петров велта дека нивното мото е КОГА СЕ САКА СЕ СЕ МОЖЕ.

Жени возачи во такси-превозот

Скопје е град каде има неколку жени такси возачи една од нив  е и Лидија Горѓиовска.

Таа веќе 4 години го печали лебот по скопските улици и вели дека ужива во својата работа. Како што вели таа, луѓето се пријатно изненадени од изборот на нејзината професија, која не е вообичаена за жените.