Хотелот Хилтон ги пречекува првите гости

Хотелот „Хилтон“ во Скопје, најновиот во синџирот луксузни хотели на реномираниот бренд од денес, официјално почнува со работа и ќе ги пречека првите гости.

Лоциран покрај кејот на реката Вардар близу мостот „Близнак“ во општина Аеродром, објектот се простира на пет ката со едно подниво и зафаќа површина од 25.000 метри квадратни.

Хотелот располага со 170 соби, 15 апартмани од кои еден претседателски од 260 метри квадратни, модернен спа и фитнес центар, традиционална турска бања, сауна, џакузи и затворен базен, како и сала за вежбање, шест конференциски сали и една сала за свечености и три ресторани.

За гостите хотелот располага со сопствен затворен паркинг простор за 150 возила, како и отворен паркинг за 200 возила.

Брендот „Хилтон“ е присутен во 109 држави со вкупно 5.500 хотели. Хотелот во Скопје е инвестиција вредна 50 милиони евра и вработува 200 лица.