Хоспитализиран маж по незгода во автобус на ЈСП

Во Градската општа болница „8-ми Септември“ вчера било донесено повредено лице поради незгода во автобус на ЈСП.

Шеест и двегодишниот Д.З. од Скопје пријавил дека истиот ден се возел во автобусот со брoj 7 во насока од населбата Лисиче кон населбата Карпош . Додека се симнувал на автобуската постојка кај Градежниот факултет, возачот ги затворил вратите и Д.З. бил притиснат од врата, по што паднал на тротоарот.

Полицијата работи на целосно расчистување на случајот.