Хортикултурно се уредува потегот од споменикот ,,Филип Втори” до „Даут-пашин амам”

Од ЈП Паркови и зеленило информираат дека деновиве нивни екипи работат на уредување на зеленилото во центарот на градот.

-Хортикултурното уредување на овој зелен плоштад се одвива етапно на потег од споменикот ,,Филип Втори” до „Даут-пашин амам”. Продолжуваме со активности за уредување на зелените површини низ градот! - информираа од претпријатието.