
Многу емоции и впечатливи сценски настапи го одбележаа денешниот училишен хорски натпревар кој се одржа во ООУ „Петар Поп Арсов“, соопштија од Општина Карпош.
„На седмото издание на овој традиционален хорски натпревар кој го организира Општина Карпош, настапија хорови од девет општински основни училишта кои го покажаат својот талент и љубов кон хорското пеење“, велат од Општината.
Најдобрите хорски состави беа наградени со:
Наградите на најдобите хористи им ги врачи претседателот на Совет, Христо Саракинов, кој порача дека Општина Карпош секогаш ќе го препознава и во континуитет ќе ги наградува најталентираните ученици по хорско пеење и натпреварувања.
Во рамки на настанот беа доделени и наградите за најдобро уреден училишен еко-двор.
Првото место го зема училиштето „Лазо Трповски“, додека пак второто место го поделија ООУ „Петар Поп Арсов“ и ООУ „Димо Хаџи Димов“. Третото место му припадна на ООУ „Христијан Тодоровски Карпош“.
„Честитки до сите ученици и нивните ментори за вложениот труд, нивната посветеност и постигнатиот успех. Општина Карпош останува посветена на поддршката на младите, нивниот талент, креативноста и еколошката свест како темел за развој на успешна заедница“, порачаа од Општина Карпош.