Хороскопските знаци и љубовта: Рибите ве сакаат додека им давате поддршка, Лавовите додека ја цените нивната љубов

Прочитајте зошто хороскопските знаци престануваат да сакаат.

Овен

Се верува дека Марс, богот на војната е поврзан со Овенот. Тоа го прави вистински борец. Тој е во постојана битка, се бори до крај. Во неговата природа е постојано да се бори. Тоа вклучува и војни против ветерници. 

Ако сакате да бидете сакани од нив, и да го имате нивното внимание, треба да се поставите како цел која постојано треба да ја освојува.

Бик

Биковите се силни личности, подготвени да истрпат многу во животот. Можат да бидат повредени, но тоа нема да ги уништи. Се поврзува со другите само ако им верува, а тоа е многу тешко за Биковите, бидејќи тие не веруваат никому. 

Луѓето родени во овој знак ќе ве сакаат се додека ви веруваат. Можете да ги повредите на некаков начин, но ако ги изневерите на било каков начин, никогаш нема да ви го простат тоа.

Близнаци

Ако мислите дека ќе ги изневерите Близнаците и нема да го забележат тоа, навистина се лажете. Ќе ги изгубите во еден момент, но тие и ќе ви го загорчат животот.

Близнаците се управувани од Хермес, богот на интелектот и комуникацијата. Тие ќе ве сакаат се додека не почувствуваат дека сакате да си играте со нив. Ако го откријат тоа, војната никогаш нема да заврши.

Рак

Овој знак е поврзан со месечината и божицата Артемида. Раковите уживаат во тоа да бидат окружени со луѓето. Но, исто така сакаат и да се сами. Во врската највеќе се стремат кон рамнотежа, а кога чувствуваат сигурност, тогаш ќе направат сè за оној кој го сакаат.

Емоционалната сигурност им е многу важна. Поради тоа, секогаш треба да направите да се чувствуваат добро и сигурно и дека нема да ги повредите. Нивната љубов ќе умре во моментот кога ќе престанете да го правите тоа.

Лав

За Лавовите, центарот на светот се тие самите. Поради тоа, тие обожаваат комплименти, а социјалниот живот им е многу важен. Тие сакаат искрени луѓе кои ги ценат од вистински причини. Немојте никогаш да ги навредите, тие се свесни за своите позитивни и негативни страни, но не сакаат да им го споменувате тоа.

Девица

Со Девиците управува Меркур, кој ги прави многу реалистични и внимателни. Искреноста е единствена работа која е поврзана со Девиците. Таа сака да знае сè за својата околина и луѓето во неа. Ако чувствува дека некој не е нималку искрен, си заминува. Нејзината љубов е огромна сè додека може да верува.

Вага

Рамнотежата и мирот се неопходни за Вагите, па така ако на некој начин го нарушите нивниот мир, тие ќе си заминат. Вагите не сакаат да се објаснуваат, ако постојано креирате конфликти и се убедувате со нив, ќе престанете да постоите за нив.

Шкорпија

Подобро е да им ја кажете вистината, каква и да е , отколку да ги лажете. Ако сметаат дека нешто криете, секогаш ќе бидете во неволја. Искреноста ќе направи вашиот однос да биде силен и долготраен. 

Ако Шкорпиите откријат дека нешто криете од нив, никогаш нема да го заборават тоа.

Стрелец

Зевс, богот на оптимизмот владее со овој знак. Нивната љубов ќе биде огромна сè додека не помислат дека нивниот живот би можел да биде подобар. Ако го изгубите оптимизмот, ќе ги изгубите засекогаш.

Стрелците мразат рутина и нешто што се повторува. Имаат високи цели во животот и за тоа им е потребна поддршка од партнерот.

Јарец

Кронос, богот на сонцето управува со овој знак. Тој верува дека работите се вечни. 

Оптимизмот е многу важен за Јарците. Тие нема да се многу позитивни, но од вас ќе очекуваат да бидете. Сакаат да видат дека се трудите да бидете подобри постојано. Се додека го гледа то во вас, Јарецот ќе ве сака и почитува.

Водолија

Луѓето родени во овој знак сакаат необични работи. Водолиите ќе ве сакаат ако се разликувате од другите. Ако имате нешто невообичаено, ќе ги имате за цел живот. Ќе ве сакаат и почитуваат и ќе ви помогнат да бидете подобри во тоа. Но, штом тоа ќе престане, Водолиите веќе не ве сакаат, бидејќи не гледаат ништо посебно во вас.

Риби

Рибите сакаат додека можат да сонуваат и идеализираат. Тоа е темелот на нивното постоење. Ако ги поддржувате во тоа, тоа ќе биде и темел на вашиот однос.

Ако некогаш се осмелите да им кажете дека се однесуваат како мало дете или дека нивните соништа нема да се исполнат, силно ќе ги навредите. Никогаш нема да ви простат и да погледнат назад. За нив, едноставно престанувате да постоите.