Хороскопскиот знак одредува што ни недостасува кај нашите бивши

Овен

Можете да кажете што сакате, но претставниците на овој знак уживаат по раскинувањето. Раскинете со нив и ќе се најдете себеси гледајќи некоја серија и гледајќи ги нивните Фејсбук и Инстаграм профили гледајќи ги како се на патување, како уживаат во некој нов ресторан или пак се забавуваат лудо. Тие се оние кои носат возбуда во врската и по раскинувањето со нив, луѓето се чувствуваат како да навлегле во монотонија.

Бик

Никој нема да ви помогне да се чувствувате сигурно како Бикот. Тие се тврди ореви за да ги запознаете, но штом влезете во нивниот живот, тие се ваши за цел живот. Биковите не го менуваат својот став лесно и дури и по кавгите, тие нема да се откажат од вас. Следната личност со која ќе бидете никогаш нема да ви го даде вниманието и сигурноста која тие ќе ви ја дадат и тоа е тоа што најмногу ќе ви недостига.

Близнаци

По завршувањето на врската со Близнаците, сите ќе ви изгледаат досадно. Тие носат страст во себе. Се будат наутро и го исполнуваат вашиот живот со среќа и возбуда. Тешко е да не ви недостига некој кој го исполнувал вашиот живот со толку топлина и среќа.

Рак

Никој нема да ве сака како Раковите. Речиси е невозможно да не погледнете назад по завршувањето на врската и да се прашате дали вашиот нов партнер ве сака како што бевте сакани од Ракот. Тоа е една од најреалните љубови кои ќе ги достигнете.

Лав

Лавовите се лидери и тие секогаш се грижат што мисли нивниот партнер за нив. Тие се многу посветени во врската, секогаш проверувајќи и грижејќи се како се чувствува нивниот партнер и колку е среќен. По завршувањето на врската, секогаш ќе се прашувате дали на другите им значите толку многу како на Лавот и ќе барате посветеност и внимание од нив.

Девица

Девиците го прават животот на нивните партнери многу подобар од претходно. Да се биде со Девица значи да се биде со некој кој ќе направи многу работи за да го подобри вашиот живот. Тие ќе ви помогнат да најдете работа, да ги платите сметките и да ги решите сите проблеми кои ќе се јават во вашето секојдневие. По завршувањето на врската ќе се чувствувате како да сте преминале од бизнис во економска класа.

вага

Тие се многу шармантни и имаат социјални вештини подобро од сите останати знаци во хороскопот. Тие ќе помогнат да се чувствувате специјално и ќе изгледа како да сте совршени еден со друг. На тој начин, тие ќе ви помогнат да се ослободите од несигурностите. Дали некој ќе ве разбере целосно? Не постои друга личност која ќе ве разбере подобро од Вагите.

Шкорпија

Тие се одличен баланс меѓу силниот љубовник со емоционална интелигенција и личноста која ќе направи сѐ за вас. Ваква комбинација ретко постои кај друга личност и тоа е веројатно нешто што најмногу ќе ви недостига кај следните партнери.

Стрелец

Со помош на Стрелците ќе ви биде забавно и седењето дома и излегувањето во обичен ресторан. Тие имаат одличен дух и смисла за хумор. По раскинувањето на врската, тешко е да не ви недостигаат бидејќи тие навистина ќе го сменат вашиот живот. 

Јарец

Од далеку, Јарците се сѐ она што посакува една личност да биде: успешни, шик и веројатно совршени во многу нешта. Раскинувањето на врската со еден Јарец значи дека секогаш преминувате на нешто полошо. Секогаш ќе се прашувате како да најдете личност како нив, која остава толку силен впечаток кај останатите.

Водолија

Кога Водолиите се во врска, тие се на мисија да ве направат подобра личност. Во врската со нив, станувате помалку цинични, ќе откриете дека сте трпеливи и ќе се чувствувате добро кога ќе направите нешто за некоја друга личност. Раскинувањето со нив ќе ве тера да се прашувате дали во вашиот личност може да се јави друга личност која ќе ве инспирира да бидете подобри.

Риби

Тие се талентирани уметници и длабоки мислители кои никогаш нема да ве направат да се чувствувате незабележано и неважно. Тие се специјална личност во вашиот живот и секогаш ќе се обидувате да се навраќате на спомените од врската со нив.