Хороскопски знак во кој се родени најмногу генијалци

Припадниците на овој знак се луѓе кои се по многу начини – различни. Како во есента кога во природата се појавуваат сѐ повеќе видливи знаци за нешто што исчезнува, т.е распаѓа, истата таа природата која се подготвува за вториот период од животот, за некое ново раѓање. Така и во луѓето родени под овој знак, животот и смртта се борат, доброто и злото, конструктивното и деструктивното. Духот и материјата се борат за превласт.

Тое се – СКОРПИИ !

Како во природата, така и кај луѓето родени во овој дел од годината, постои силна внатрешна борба, која често се манифестира преку динамика, активност. Кои сили ќе надвладеат, деструктивните или креативните е неизвесно, сепак секој крај носи нов почеток, а секоја криза и нова шанса. Индивидуално е и неизвесно која страна во кој период од животот ќе победи, но ќе има периодични кризи – многу силни во сите оние кои се родени под овој знак.

Луѓето кои се под влијание на Плутон и Марс имаат длабочина, како емотивна, така и внатрешна. Нивните инстинкти се силни, страста силна, интуицијата често изразена, а потсвеста јака.

Знакот чиј симбол е рекатата, Скорпијата е длабока, и како реката, носи многу непознато, скриено, активно, бидејќи тоа е вода која се движи, па тоа се одразува во нивните животи, често се динамични, полни со разни пречки, често во кризи и внатрешни конфликти, често во пресрет на смртта, на различни начини, ментално или преку професијата, која честопати се поврзува со смртта, кризи, страдања или опасности, или средби со сексуалноста, која исто така е предизвик, која ги менува и делува подлабоко отколку кај другите знаци. Посветени се на љубовта, пријателството и работата, потполно и без одлагање.

Скорпијата е осмиот знак по редот и носи тајни, дали ќе се сртене со некоја своја тајна или туѓа, секогаша ги има повеќе од другите. Самите Скорпиони се добри за откривање на нешто скриено, тајно, непознато, па им одговараат и професиите кои имаат во себе таква природа. Не се смета случајно Шкорпијата за најголем детектив во Хороскопот, но во овој знак родени се и луѓе со истражувачки дух, како што се Марија Кири, Парацелзус и многу други. Подобрите Скорпии можат да бидат и творци, уметници како Паганини, Тургењев, Едгар Алан По, Достоевски, Пикасо, и многу други.

Припадниците на овој знак одат длабоко во своите сознанија, особено оние кои ќе се одлучат за ваков вид на животна потрага. Тоа се луѓе кои се добри и во сите професии поврзани со телото и смртта, како што се хирургијата, гинекологијата, медицината, а посебно патологијата. Добри се и како астролози.

Кога станува збор за љубовта, нивната љубов често е слика на нивниот карактер, страсна, длабока, со многу сила. Има тука често прекинувања, понекогаш и разделувања поради смрт, често се сѐ или ништо во љубовта, особено ако Венера е во Скорпијата. Сексуалноста за нив е, исто така, нешто што ги издвојува од другите знаци. Често е еден вид на борба против смртта, еротизмот е неверојатен и може да премине во претерување, разврат, во зависност од позицијата на Марс. Сублимираната сексуална енергија може да се конвертира во креативна, творечка енергија, па ова е знак за кој се смета дека во него се родени најмногу генијалци, луѓе кои оставиле значителна трага на човештвото.

Интелектот кај овие луѓе е силен, остар и ако се рушат старите норми и вредности, тогаш создаваат нови, дури и повредни. Ако се уништи нешто или исчезне, завршува повторно да се создаде, да се започне од почеток … Моќта на трансформацијата и регенерацијата е висока кај овој знак, по кој следи знакот Стрелец, кој го возвишува духот, каде што духот ја победува материјата. Затоа, луѓето родени под овој Сончев знак имаат големи промени, како што змијата ја менува кожата.

Често овој занак, по период на криза, по достигнување на дното, доаѓа до некој свој крај и повторно, како Феникс од пепелта, создава и започнува нов живот, како повторно да е роден, но не и со телото, туку со духот. Потоа започнува нова фаза од својот живот, прочистен, како само водените знаци знааат – преку длабоки емоции. Влегува во нов период од животот, подготвен да се воздигне и тргне понатаму препороден.

Многумина се запрепастени од нивната емоционална длабочина. На некои им изгледаат неодоливо привлечни и во нив гледаат добро, а кога ќе научат да го надминат негативното или злото во себе – тогаш тоа и стануваат. Некои се плашат од нив, а некои ги избегнуваат.

Према нив не треба да се биде рамнодушен, тие се или привлечни, фасцинантни, најмногу сакани или иритираат и не се поднесуваат.

А ги сакале ние или не, тие оставаат впечаток кој не се заборава.