Хороскопска љубовна компатибилност: Кој знак е идеален за вас и со кој можете најдобро да се разберете

Љубовта успева да нѐ збуни сите нас; едни порано, други подоцна па одговорите ги бараме на разни места, вклучувајќи ја и астрологијата.

Некои знаци од хороскопот се компатибилни, некои не се.

Ако ве интересира кој би бил идеален партнер за вас, хороскопот може да ви даде насоки.

Овен

Врската со овните не е за оние со слабо срце, па чекор со вашата огнена енергија и енергичниот карактер можат да држат лавовите и стрелците. Тие всушност припаѓаат на групата огнени знаци. Воинствениот Марс е планетата која владее со овните, а како што знаете уште од римската митологија, на богот на војната му треба својата божица на љубовта Венера, па затоа како идеален партнер се смета вагата бидејќи таа е под закрила на љубовната Венера.

Бик

Бикот е земјен знак и затоа му е потребен партнер кој е подеднакво стабилен и сталожен. Тоа ќе го пронајдете во девиците и во јарците. Исто така интересен е спојот со шкорпијата. Иако овие два знака во соѕвездијата на Зодијакот стојат еден спроти друг, знаеме дека во вистинскиот живот спротивностите и тоа како се привлекуваат.

Близнаци

Близнаците имаат репутација за најголеми срцекршачи во хороскопот. Вие сте друштвени пеперутки кои уживаат во запознавање нови луѓе па никако не смеете да бидете во врска со некој кој е љубоморен. Врска со стрелец може да биде идеална затоа што тој исто така е авантурист со кој совршено ќе се разберете. Среќата може да ја пронајдете и со воздушните знаци како водолија и вага.

Рак

Ракот е воден знак со кој владее Месечината и во согласност со тоа, водените знаци можат најдобро да се сложат со водените и интуитивни риби, но и со шкорпиите. Среќата може да ја пронајдете и со бикот бидејќи и двата знака знаат да си удоволуваат и да си попуштаат еден на друг и ќе можете совршено да се надополнувате.

Лав

Огнени и борбени. Кралот во хороскопот сака да биде во центарот на вниманието каде и да се појави. Затоа им треба партнер кој ќе ја разбира нивната лавовска природа. Одлично ќе се разбирате со другите огнени знаци како овен и стрелец. Но на секој оган му треба воздух за да се разгори, па затоа ќе се воодушевите и од мирните и сталожени ваги. Врските со нив би можеле да бидат полни со забава, пријателство и меѓусебно разбирање.

Девица

Девиците се сталожени и рационални. Затоа нив им треба некој ист како нив, а такви се земјените знаци јарец и бик кои имаат работна етика многу слична на нивната. Елементот земја на кој му припаѓате совршено си одговара со водениот елемент, а тука се наоѓаат шкорпиите. И едните и другите уживате планирање и во разработување стратегии за постигнување на своите цели, на животот му пристапувате сериозно и можете многу добро да се разберете.

Вага

Шармантните и секогаш дотерани ваги се најголемите кокети во хороскопот. Би можеле да уживате во врската со подеднакво друштвените и разговорливи воздушни знаци како близнаците и водолиите. Но најмногу искри во вас ќе разбудат огнените знаци како овните и лавовите со кои ќе можете да развиете длабока поврзаност.

Шкорпија

Шкорпиите се едни од најинтензивните знаци на хороскопот. Стравствената природа и посветеноста на она што ви е важно можат да ја сфатат родените во знакот рак или риби. Исто така, може да ви одговараат девиците затоа што се аналитични и сакаат премногу да размислуваат, исто како вас. Идеална комбинација можете да имате со партнер во знакот јарец затоа што имате совршено слични цели, приоритети и погледи на животот.

Стрелец

Вие сте огнени, секогаш подготвени за авантура и познати сте во друштвото по својата смисла за хумор. Совршено ќе се согласувате со близнаците кои исто така живеат со полна пареа. Но, среќата можете да ја најдете и со огнените знаци лав и овен кои секогаш ќе ве поддржуваат во вашите животни страсти и ќе ви се придружат во авантурите.

Јарец

Амбициозните јарци целиот живот напорно работат и имаат сериозен пристап кон работите, а ваквиот пристап на животот можат да го разберат родените во знакот бик или девица. Со нив јарците можат да изградат цврста и стабилна врска. Но исто така јарците може да бидат многу среќни и да остварат голема љубовна хемија со шкорпиите кои можат да им понудат емоционална стабилност и поддршка.  

Водолија

Што се однесува до љубовта, на водолиите им е привлечен некој кој им е интелектуално рамен или некој кој може интелектуално да ги предизвика. Исто како и во животот така и во љубовните врски не трпите ограничувања и ви треба слобода во врската, а сето тоа можете да го добиете кај партнер во знакот близнаци или вага. Одличен спој со вас може да биде партнер во знакот стрелец бидејќи делите спонатан пристап кон животот, но и желба за авантура.

Риби

Рибите се нежни, грациозни, романтични и приврзани. Емотивни и љубезни. Совршен пар би биле со исто толку емотивните ракови. Посебна хемија може да имате со шкорпиите и со нив можете да развиете целосна посветеност, љубов и доверба.