Хороскопот открива: Што би смениле луѓето кај вас кога би можеле?

Како и многу други нешта за луѓето, хороскопот открива и што би смениле луѓето кај вас, кога би имале можност.

Овен – Вашите очекувања

Бидејќи сте силни, амбициозни и детерминирани, имате високи стандарди  кои луѓето често не можат да ги исполнат. Луѓето мислат дека некогаш не сте фер кон нив, бидејќи од сите барате да бидат совршени.

Бик – Вашата тврдоглавост

Штом донесете одлука за нешто, вие не слушате никого. Понекогаш вашите пријатели посакуваат да сте пофлексибилни за да можат да имаат некаква улога во вашиот живот, односно да им го овозможите тоа.

Близнаци – Вашата претерана љубезност

Вие станувате пријатели со секого и секаде што може да влијае на квалитетот на времето што го минувате со вашите пријатели. Често се случува да излезете со нив, а потоа да завршите разговарајќи и дружејќи се со некоја личност која штотуку сте ја запознале. Понекогаш е навистина тешко за вашите другари да го задржат вашето внимание.

Рак – Вашата тишина

Сите знаат колку емотивни и чувствителни можете да бидете, но никогаш не го кажувате тоа гласно. Вие сте многу таинствени кога станува збор за вашите емоции, што е навистина тешко за вашите најблиски да ве прочитаат, а со тоа и да ви помогнат.

Лав – Вашата доминантност

Вие знаете како да ги водите луѓето и тоа го знаете подобро од другите, но понекогаш се однесувате на начин кој е неадекватен и претеран. Понекогаш вашите пријатели би сакате да се ослободите од потребата да доминирате секаде и да оставите малку простор за останатите.

Девица – Вашата индифирентност

Вие сте толку затворени што некогаш можете да бидете студени како мраз. Тоа им изгледа на луѓето како да не се грижите за нив. Иако сте потопла личност отколку што изгледате, често на другите им изгледате како да сте студена личност која не е свесна за нивното постоење.

Вага – Вашата дипломатичност

Вие сте премногу дипломатични и политички коректни, што може луѓето да ги натера да се запрашаат за вашата искреност. Вие секогаш ги кажувате вистинските нешта во вистинско време, што им станува досадно, како да сте пресовршени.

Шкорпија – Вашата арогантност

Вие сте супер интелигентни и харизматични, но понекогаш се однесувате претерано  арогантно поради тоа, па дури и кон вашите најблиски. Иако тоа е повеќе самодоверба отколку ароганција, тие го доживуваат така и едноставно не знаат како да се носат со таа ваша карактеристика.

Стрелец – Вашата наивност

Вие претерано им верувате на луѓето. Односно, да се поправиме : вие сте во состојба да им верувате и на луѓето кои воопшто не ги познавате. Вам не ви пречи да ги кажете сите свои тајни на луѓето кои штотуку сте ги запознале  бидејќи верувате дека тоа ги зближува луѓето и  овозможува подобри искуства. Но, тоа им пречи на вашите блиски, бидејќи многу често се докажува дека им верувате на погрешните луѓе.

Јарец – Вашата себичност

Вие знаете што сакате и како да го добиете тоа, но во целата таа приказна се ставате себеси први. Тоа не е лошо нешто за вас, но понекогаш вашите пријатели добиваат впечаток дека сакате се да биде на вашиот начин и дека не обрнувате премногу внимание на другите луѓе.

Водолија – Вашите чести промени на расположение

Вие можете да преминете од најискрена насмевка до намуртено лице само за неколку секунди. Вашиот ум е постојано вклучен и затоа различни работи можат многу да ве усреќат, но и да ве изнервираат. Воопшто не ги криете своите емоции и тие можат лесно да се прочитаат на вашето лице.

Риби – Вашата непостојаност

Вашите пријатели не можат никогаш да сметаат на вас дека ќе се појавите на договореното, бидејќи веќе се навикнати постојано да откажувате и да се премислувате во последен момент. Тоа ги фрустрира бидејќи никогаш не можат да направат добри планови со вас, ниту пак да сметаат на вас кога имаат потреба.