Ова е недела која ќе ви го смени погледот на светот во однос на некои аспекти од вашето живеење. Не мора да значи дека тоа се големи уверувања, туку можеби мали вредности и ставови кои ќе ве променат но и ќе ви го подобрат расположението. Прифатете го делот од себеси кој се менува, тоа ќе ве изненади.
Работа
Комуникацијата со менаџментот е напорна и тешка. Обрнете внимание на тоа како другите реагираат на вас и не се трудете самодовербата ја проектирате на другите луѓе. Ќе ги решавате сите проблеми поврзани со администрација и финансии лесно и без проблеми. Под дејство сте на голема и активна енергија која ќе ви донесе успех на крајот на неделата.
Љубов
За оние кои се во врска, со влезот на Меркур во вашето поле на љубов и забава, ќе се разбирате одлично со саканата личност и ова е поле кое ќе ви носи мир и спокој и ќе влијае одлично на вашето севкупно секојдневие. Ова е време за хармонија и убави денови за љубов.
Слободните Водолии ќе се соочат со неочекувани ситуации кои ќе ги натераат да размислат подлабоко за некои ситуации. Ќе бидете заинтересирани за флерт и љубовна комуникација, но не правете го тоа со секого, само за да се случува нешто.
Здравје
Мали тегоби. Можни се и алергии.