Водолија

Водолија (20. I – 18. II)

Ова е лето посветено на љубовта. Во понеделник, Венера влегува во Лав и ви носи хемија во која спротивностите се привлекуваат. Во недела, ретроградниот Плутон влегува во Јарец и ви носи можност да комплетирате некои прашања поврзани со одговорноста. Во текот на истиот ден, Меркур влегува во Близнаци што од вас бара да ги практикувате своите креативни вештини.

Работа

Вие се наоѓате во одличен период. Самите сте заслужни за својот успех, па затоа треба да го прославите тоа. Амбициозни сте и уживате во периодот во кој добивате награди за вашиот труд. Имате одлична шанса да направите голем чекор напред во кариерата. 

Веројатно ќе добиете понуда која тешко се одбива. Сепак, ако сте неодлучни, земете си неколку дена за да ја донесете најдобрата одлука за себе. Посветете се на тоа да научите подобро да ракувате со парите. 

Љубов

Водолиите кои се во врска успеваат да воспостават одличен однос со саканата личност, а некои недоразбирања конечно ќе бидат решени. Врската во која се наоѓате станува интересна и возбудлива, а тоа е нешто за што одамна сонувавте.

Слободните претставници имаат повеќе шанси за нови познанства. Но, на некои Водолии би можела да им се допадне личност која е зафатена. Ве интересира некој роден во Вага или Водолија. 

Здравје 

Здравјето е добро. 

Ова е убав месец за Водолиите.

Работа

Потребни ви се поддршка и разбирање, но се чувствувате како никој околу вас да не може да ви го овозможи тоа. Ова е месец во кој многу работи ќе се случуваат за што ќе ви требаат челични нерви, а поддршката ќе дојде во текот на месецот. 

Јуни во вашиот живот носи личност која би можела да ги влоши условите во кои работите, а тоа ќе ви одземе многу ментална енергија. Веројатно станува збор за некој Рак или Бик. Немојте да се докажувате со таа личност, едноставно пуштете ги работите да се одвиваат сами по себе. 

Плутон е ретрограден а на 11 јуни тој влегува во Јарец што може да ви донесе притисок и прашања во однос на тоа кои сте и каде припаѓате. Големи се шансите да се решите за трансформација, а за некои Водолии тоа ќе значи ново работно место и кариера. 

Младата Месечина на 17 јуни е одлична можност за нови почетоци и креативни идеи. Насочете ја својата инспирација кон некој проект  и посветете се на секој мал детал. Сезоната на Раковите почнува на 21 јуни што ја активира вашата куќа на одговорноста. Летото за вас ќе биде продуктивно.

Љубов

Овој месец би можел да донесе многу неочекувани ситуации на ова поле. Но, не дозволувајте тоа да биде основа за незадоволство во врската. Некои Водолии кои се во врска би можеле да бидат жртва на трачеви. 

Слободните Водолии се омилени меѓу другите, но не им давајте лажна надеж на другите луѓе. Ви годи друштвото на една Вага или Бик, а комуникацијата со еден Лав ќе ви биде прилично тешка. 

Полната Месечина на 3 јули ве насочува кон пријателите, каде ќе најдете разбирање и поддршка. Ако дојде до драма во односите со другите, само направете чекор наназад и зачувајте го својот мир. Но, Меркур е во конјункција со Уран за време на полната месечина, што може да ви донесе емоционални изненадувања или пак неочекувани вести. 

Работите стануваат интересни кога Венера ќе влезе во Лав на 5 јуни. Ова е транзит кој носи сладост и хармонија во вашите односи. 

Здравје  

Чувајте се од повреди во спортот. 

Ова е година во која ќе дојдете до решенија на многу проблеми.

Годишниот хороскоп укажува дека ова ќе биде среќна година и исполнета со авантури  за Водолиите. Ако досега ја сакавте мирната атмосфера, тоа се менува во 2023 година. Фокусот ќе се врати на вашите патувања, а особено среќни месеци се мај и ноември. Во овој период би можеле да купите куќа, земјиште или стан, но и соработката со другите ќе биде без проблеми.

Ова е година која е погодна за откритија во вашиот живот. Сатурн ќе се обиде да создава проблеми, но вие мудро ќе победувате водени од вашата амбиција и желба за успех.

Дружењата и пријателите ќе имаат важно место во вашиот живот во 2023, но на едно од таквите дружења би можеле да ја сретнете својата сродна душа. Венера ќе создава убави провокации во вашите чувства и начин на живеење. Ќе се менувате постојано, а тоа ќе биде убаво патување за вас.

Веројатно сте слушнале дека проблемите нè прават посилни, па така, што и да дојде во 2023 ќе ве направи посилни и помудри. Во одредени случаи, успехот нема да дојде така лесно и брзо, а можно е и да се соочите со финансиски потешкотии. Но, за среќа, Венера во првите три месеци, а Јупитер во текот  на летните месеци ви носат уживање и радост. Јупитер ќе го штити и вашето здравје и ќе ви помогне да се соочите со малите компликации кои би можеле да бидат предизвикани од Раху во последните четири месеци од годината.

Оваа година ви носи многу активности, па затоа ќе треба добро да се подготвите. Кету од вас ќе бара и да се фокусирате на својот личен живот, па генерално гледано, многу важно ќе биде да постигнете баланс. Дали ќе успеете во тоа? Вие сте силни и способни, важно е само соодветно да ги одредите своите приоритети.

Љубов

Оваа година ви носи зголемена желба да ја најдете љубовта на својот живот, но иако тоа ќе се случи, сепак ќе треба малку да почекате. Брзо ќе го губите трпението во комуникацијата со спротивниот пол и тоа може да ви донесе пад на расположението. Но, не треба да се грижите, бидејќи среќата ви е дефинитивно наклонета. 

Оние кои се во врска би можеле да очекуваат проблеми кои се провлекуваат од претходната година. Некогаш ќе се расправате за некои работи, а во други прилики, на вашиот партнер ќе му пречат вашите навики. Најважно е дека планетите ве повикуваат да останете трпеливи и смирени. 

Ако очекувате да се смирите со личност од минатото, ќе треба да почекате тоа да се случи во втората половина од годината. Но, имајте оптимистички пристап и и верувајте во најдоброто. Љубовниот хороскоп носи можности за зближување со саканата личност и за постигнување заедничко разбирањето. Така, врската ќе постои на цврсти темели и љубов.

Финансии

Во однос на финансиите, морате да пристапувате со „ студена глава” и да бидете внимателни, но и тактични. Првите неколку месеци се потешки и ќе биде потребен ваш внимателен пристап. 

Последниот квартал од 2023 е најдобар за инвестиции и трошење. На ова поле, добро би било да побарате совет и поддршка од луѓето кои имаат долгогодишно искуство.

Можни се мали конфликти поврзани со финансиите во вашиот дом. Не дозволувајте тоа да ги уништи семејните односи и да ве оддалечи од луѓето кои ви значат.

Ситуацијата ќе се подобрува низ текот на годината, а можно е да заработите од хонорарна работа и тоа да ви се исплати на долг рок. Поддршка во ова ќе имате од родените во знакот Шкорпија. 

Кариера

Кога станува збор за кариерата, Водолиите не уживаат да прават компромиси. Но, хороскопот за 2023 вели поинаку. Можно е да се соочите со проблеми во вашиот професионален живот, но тоа само ќе ве поттикне да наоаѓате решенија и да се изборите за најдоброто за себе. Поддршка од планетите ќе имате и во однос на унапредувањето кое долго време го очекувате, па затоа бидете подготвени тоа да се случи оваа година.

Генерално, ќе бидете вредни, но и соочени со многу нови идеи и можности. Оние кои работат во сферата на патувањата ќе имаат успех со кој ќе се гордеат. Мали проблеми ги очекуваат оние Водолии кои имаат свој бутик или работат во текстилната индустрија. Проблемите не се големи, но бидете претпазливи.

Здравје

Грижата за здравјето ќе ви биде главен приоритет. Треба да разберете дека кога вашата добросостојба е одлична, вие сте и попродуктивни и подобри кон другите. Бидете внимателни во првиот дел од годината бидејќи можни се мали проблеми со имунитетот, грип или настинки, а некои Водолии би можеле да се соочат со болки од стари повреди. 

Ако се соочите со стрес или вознемиреност, имајте на ум дека физичката активност може многу да ви помогне. Практикувајте јога и медитација и брзо ќе забележите промени во вашето севкупно здравје. Некои Водолии во средината на годината би можеле да имаат проблем со дигестивни проблеми или пак болки во зглобовите, па затоа се препорачува посета на лекар или соодветна терапија.

Јадете правилно и спијте доволно -  тоа е вашиот најдобар пристап во новата година.

Хороскоп по месеци

Јануари: Во овој период се создава клима за исполнување на вашите желби и амбиции. Благодарение на поддршката од планетите, нови проекти се пред вас, а Јупитер ви носи можности кои ќе ви годат. Меѓутоа, за сите работи да се одвиваат на добар начин ќе морате да се носите со различните карактери и расположенија на луѓето околу вас и да се навикнете на нив.

Февруари: Позитивната енергија продолжува, а Јупитер создава среќни околности кои ќе ви помогнат да ги запознаете вистинските луѓе во вистинско време. Марс ви дава виталност, додека пак Меркур и Сатурн го јакнат вашиот карактер и вашето искуство доаѓа во центарот на вниманието.

Март: Ова е одличен период за хонорарна работа. Ако нешто претходно ја кочеше реализацијата на вашите идеи, сега работите се менуваат и ослободени сте од таквите ограничувања. Планетите и даваат предност на вашата независност.

Април: Атмосферата е одлична, а вие сте под полн капацитет и добро расположение иако луѓето многу бараат од вас. Овој месец доаѓаат многу предизвици, но вашиот позитивен став ќе ви помогне да ги надминете.

Мај: Иако напредокот е малку побавен, сепак е важно да ги искористите можностите кои ви се нудат, а тоа ви дава волја да не се обесхрабрувате пред неуспесите. Со поддршката на Венера, ја имате среќата на ваша страна.

Јуни: Во овој месец, вашиот напредок ќе биде закочен, но наместо да барате начини постојано да ја решавате ситуацијата, оставете некои работи да се разрешат сами од себе. Што и да се случи, ставете ја саканата личност на прво место.

Јули: Овој месец од вас бара да најдете сила и енергија за да го завршите она што треба да се заврши. Не се плашете да побарате совет од своите блиски. Бидете нежни кон саканата личност или пак кон некоја нова личност која се труди да ве освои.

Август: Овој месец носи ограничен простор за делување. Сонцето и Венера прават опструкции во исполнувањето на вашите желби, но не очајувајте, бидејќи тоа ќе ви помогне да видите како стојат работите околу вас. Бидете отворени за дискусија и разбирање.

Септември: Не се обесхрабрувајте ако се појави некој проблем во вашиот живот. Размислете за деталите кои довеле до тоа, продолжете да работите исправно и работите ќе дојдат на свое. Во текот на овој месец, Марс ви помага да свртите некоја ситуација во ваша корист.

Октомври: Овој месец немојте да одите на „сè или ништо“. Наместо тоа, земете инспирација од Меркур кој ве поттикнува да бидете дипломати. Вашата љубовна приказна ќе биде размрдана од Венера. Време е за важни одлуки!

Ноември: Овој месец го почнувате со енергија која го загрозува вашиот успех, но Венера ве поттикнува да ги искористите своите таленти. Покажете издржливост и истрајност, тоа ќе ги воодушеви луѓето околу вас. Разговорите за љубовта и вашата иднина ќе ја зајакнат вашата врска.

Декември: Имате некое чувство дека и покрај вашите напори, проектите не напредуваат. Но, Марс ви испраќа позитивни вибрации и ве поврзува со вистинските луѓе.