Водолија

Водолија (20. I – 18. II)

Емоциите се важни, драги Водолии. Во понеделник, тригонот на Меркур и Јупитер ви помага да бидете свесни за своите пријателства, но и да останете љубопитни. Во петок, полната Месечина во Овен ве инспирира да бидете директни со цел да дојдете до подобро разбирање. Во текот на истиот ден, квадратот на Венера и Јупитер ве охрабрува да се посветите на активно размислување и да поставувате прашања со цел да се поврзете со луѓето околу вас.

Работа

Активни сте на сите страни и подготвени да се фатите во костец со многубројните проблеми. Бидете подготвени за нови предизвици, но немојте да мислите дека некои ваши идеи не се остварливи. Чувајте се само да не влезете во некои интриги. Ако имате контакт со некои напорни личности, ќе треба да ги избегнувате колку можете повеќе. Не очекувајте многу од еден Јарец и Бик кои ви ветуваат премногу. 

Љубов

Оние кои се во врска имаат солиден љубовен однос, но ве нервира тоа што имате многу обврски, па ќе морате да балансирате. 

На слободните Водолии, добро им оди во површните контакти, но не и во ситуациите каде се бара сериозност. Од вас зависи што сакате да постигнете. За некои претставници на овој знак, можен е контакт со личност од вашето минато. Една личност на која и се допаѓате точно знае што сака, имајте го тоа на ум. 

Здравје 

Можни се болки во нозете.

Септември е во знакот на љубовта.

Работа

Вие сте личности со слободен дух кои овој месец под влијанието на Девица ќе посакате да внесете промена во вашиот професионален живот преку организација и структура. Добивате и желба да започнете нова работа, а добар соработник за тоа би можел да биде некој Лав или друга Водолија.

Ќе бидете некако главни и лидерски настроени на работното место, а тоа ќе биде особено забележливо ако работите во помал тим. Но, потребно е некогаш и да ги сослушате колегите, без оглед на тоа колку сте сигурни дека сте во право. Можна е вест за некаква добивка и зголемување на приходите, но и ново работно место, со поддршка на некоја женска личност.

Како што навлегувате во месецот, сезоната на Девиците заедно со ретроградниот Меркур се присутни во вашата осма куќа што ве поттикнува на размислување и навраќање на некои ситуации од минатото. Но, не се грижете, сето ова има за цел да ве однесе на подобри места за вашата кариера.

Кога Сонцето ќе влезе во вашиот сестрински знак Вага на 23 септември, ќе бидете подготвени да тргнете во акција. Дополнително, поврзаноста на Сонцето со Марс во вашата деветта куќа на авантура ви носи мотивација да се изборите за своите цели и да се посветите на интелектуалниот напредок.

Месецот завршува со полната Месечина во Овен во вашиот комуникациски сектор што ви носи стимулирачки разговори и значајни поврзувања со луѓе со кои одлично можете да соработувате на долг рок. Но, не заборавајте на забавата и смеата, тие се дел од животот.

Љубов

Овој период е посветен на љубовта, но со мал проблем би можеле да се соочат оние Водолии кои се во врска или контакт со авторитативни партнери. Вие не сакате некој да ви кажува што да правите и тоа само може да ве оддалечи од другата личност. Вие сте познати по својот шарм, но треба да имате на ум дека морате да бидете искрени за да ги задржите луѓето кои ви значат покрај себе.

Слободните Водолии ќе бидат фасцинирани од личност која е харизматична и обожавана од многумина. Можен е и почеток на врска со личност која се занимава со уметност или е од странство.  

Минатиот месец, Џуно - астероидот на поврзувањето и посветеноста влезе во Лав во вашата седма куќа на партнерства, помагајќи ви да го продлабочите својот љубовен однос со една посебна личност.

За среќа, Венера го завршува своето ретроградно патување на 3 септември што ќе ве поттикне да бидете поотворени во љубовта и да заборавите на некои разочарувања. Тоа ќе ви донесе поголема јаснотија, бидејќи ќе комуницирате јасно и отворено, а и ќе се грижите како ќе бидете сфатени.

Никогаш не е лесно кога минуваме низ процес на ослободување од багажот од минатото, но младата Месечина на 14 септември ви носи убав процес на поврзување со нови луѓе и оставање на минатото онаму кадешто припаѓа. Заокружете ја оваа дата во вашиот календар бидејќи е навистина важна. Тоа е дополнително интензивирано со тригонот на Месечината со Уран што може да ви донесе нагли промени во однос на тоа што го сакате во вашиот живот или пак сте мислеле дека го сакате. На следниот ден, на 15 септември, го означуваме почетокот на ретроградниот Меркур што ќе ви донесе надминување на конфликтите и полесна комуникација.

Здравје

Здравјето е одлично. 

 

Ова е година во која ќе дојдете до решенија на многу проблеми.

Годишниот хороскоп укажува дека ова ќе биде среќна година и исполнета со авантури  за Водолиите. Ако досега ја сакавте мирната атмосфера, тоа се менува во 2023 година. Фокусот ќе се врати на вашите патувања, а особено среќни месеци се мај и ноември. Во овој период би можеле да купите куќа, земјиште или стан, но и соработката со другите ќе биде без проблеми.

Ова е година која е погодна за откритија во вашиот живот. Сатурн ќе се обиде да создава проблеми, но вие мудро ќе победувате водени од вашата амбиција и желба за успех.

Дружењата и пријателите ќе имаат важно место во вашиот живот во 2023, но на едно од таквите дружења би можеле да ја сретнете својата сродна душа. Венера ќе создава убави провокации во вашите чувства и начин на живеење. Ќе се менувате постојано, а тоа ќе биде убаво патување за вас.

Веројатно сте слушнале дека проблемите нè прават посилни, па така, што и да дојде во 2023 ќе ве направи посилни и помудри. Во одредени случаи, успехот нема да дојде така лесно и брзо, а можно е и да се соочите со финансиски потешкотии. Но, за среќа, Венера во првите три месеци, а Јупитер во текот  на летните месеци ви носат уживање и радост. Јупитер ќе го штити и вашето здравје и ќе ви помогне да се соочите со малите компликации кои би можеле да бидат предизвикани од Раху во последните четири месеци од годината.

Оваа година ви носи многу активности, па затоа ќе треба добро да се подготвите. Кету од вас ќе бара и да се фокусирате на својот личен живот, па генерално гледано, многу важно ќе биде да постигнете баланс. Дали ќе успеете во тоа? Вие сте силни и способни, важно е само соодветно да ги одредите своите приоритети.

Љубов

Оваа година ви носи зголемена желба да ја најдете љубовта на својот живот, но иако тоа ќе се случи, сепак ќе треба малку да почекате. Брзо ќе го губите трпението во комуникацијата со спротивниот пол и тоа може да ви донесе пад на расположението. Но, не треба да се грижите, бидејќи среќата ви е дефинитивно наклонета. 

Оние кои се во врска би можеле да очекуваат проблеми кои се провлекуваат од претходната година. Некогаш ќе се расправате за некои работи, а во други прилики, на вашиот партнер ќе му пречат вашите навики. Најважно е дека планетите ве повикуваат да останете трпеливи и смирени. 

Ако очекувате да се смирите со личност од минатото, ќе треба да почекате тоа да се случи во втората половина од годината. Но, имајте оптимистички пристап и и верувајте во најдоброто. Љубовниот хороскоп носи можности за зближување со саканата личност и за постигнување заедничко разбирањето. Така, врската ќе постои на цврсти темели и љубов.

Финансии

Во однос на финансиите, морате да пристапувате со „ студена глава” и да бидете внимателни, но и тактични. Првите неколку месеци се потешки и ќе биде потребен ваш внимателен пристап. 

Последниот квартал од 2023 е најдобар за инвестиции и трошење. На ова поле, добро би било да побарате совет и поддршка од луѓето кои имаат долгогодишно искуство.

Можни се мали конфликти поврзани со финансиите во вашиот дом. Не дозволувајте тоа да ги уништи семејните односи и да ве оддалечи од луѓето кои ви значат.

Ситуацијата ќе се подобрува низ текот на годината, а можно е да заработите од хонорарна работа и тоа да ви се исплати на долг рок. Поддршка во ова ќе имате од родените во знакот Шкорпија. 

Кариера

Кога станува збор за кариерата, Водолиите не уживаат да прават компромиси. Но, хороскопот за 2023 вели поинаку. Можно е да се соочите со проблеми во вашиот професионален живот, но тоа само ќе ве поттикне да наоаѓате решенија и да се изборите за најдоброто за себе. Поддршка од планетите ќе имате и во однос на унапредувањето кое долго време го очекувате, па затоа бидете подготвени тоа да се случи оваа година.

Генерално, ќе бидете вредни, но и соочени со многу нови идеи и можности. Оние кои работат во сферата на патувањата ќе имаат успех со кој ќе се гордеат. Мали проблеми ги очекуваат оние Водолии кои имаат свој бутик или работат во текстилната индустрија. Проблемите не се големи, но бидете претпазливи.

Здравје

Грижата за здравјето ќе ви биде главен приоритет. Треба да разберете дека кога вашата добросостојба е одлична, вие сте и попродуктивни и подобри кон другите. Бидете внимателни во првиот дел од годината бидејќи можни се мали проблеми со имунитетот, грип или настинки, а некои Водолии би можеле да се соочат со болки од стари повреди. 

Ако се соочите со стрес или вознемиреност, имајте на ум дека физичката активност може многу да ви помогне. Практикувајте јога и медитација и брзо ќе забележите промени во вашето севкупно здравје. Некои Водолии во средината на годината би можеле да имаат проблем со дигестивни проблеми или пак болки во зглобовите, па затоа се препорачува посета на лекар или соодветна терапија.

Јадете правилно и спијте доволно -  тоа е вашиот најдобар пристап во новата година.

Хороскоп по месеци

Јануари: Во овој период се создава клима за исполнување на вашите желби и амбиции. Благодарение на поддршката од планетите, нови проекти се пред вас, а Јупитер ви носи можности кои ќе ви годат. Меѓутоа, за сите работи да се одвиваат на добар начин ќе морате да се носите со различните карактери и расположенија на луѓето околу вас и да се навикнете на нив.

Февруари: Позитивната енергија продолжува, а Јупитер создава среќни околности кои ќе ви помогнат да ги запознаете вистинските луѓе во вистинско време. Марс ви дава виталност, додека пак Меркур и Сатурн го јакнат вашиот карактер и вашето искуство доаѓа во центарот на вниманието.

Март: Ова е одличен период за хонорарна работа. Ако нешто претходно ја кочеше реализацијата на вашите идеи, сега работите се менуваат и ослободени сте од таквите ограничувања. Планетите и даваат предност на вашата независност.

Април: Атмосферата е одлична, а вие сте под полн капацитет и добро расположение иако луѓето многу бараат од вас. Овој месец доаѓаат многу предизвици, но вашиот позитивен став ќе ви помогне да ги надминете.

Мај: Иако напредокот е малку побавен, сепак е важно да ги искористите можностите кои ви се нудат, а тоа ви дава волја да не се обесхрабрувате пред неуспесите. Со поддршката на Венера, ја имате среќата на ваша страна.

Јуни: Во овој месец, вашиот напредок ќе биде закочен, но наместо да барате начини постојано да ја решавате ситуацијата, оставете некои работи да се разрешат сами од себе. Што и да се случи, ставете ја саканата личност на прво место.

Јули: Овој месец од вас бара да најдете сила и енергија за да го завршите она што треба да се заврши. Не се плашете да побарате совет од своите блиски. Бидете нежни кон саканата личност или пак кон некоја нова личност која се труди да ве освои.

Август: Овој месец носи ограничен простор за делување. Сонцето и Венера прават опструкции во исполнувањето на вашите желби, но не очајувајте, бидејќи тоа ќе ви помогне да видите како стојат работите околу вас. Бидете отворени за дискусија и разбирање.

Септември: Не се обесхрабрувајте ако се појави некој проблем во вашиот живот. Размислете за деталите кои довеле до тоа, продолжете да работите исправно и работите ќе дојдат на свое. Во текот на овој месец, Марс ви помага да свртите некоја ситуација во ваша корист.

Октомври: Овој месец немојте да одите на „сè или ништо“. Наместо тоа, земете инспирација од Меркур кој ве поттикнува да бидете дипломати. Вашата љубовна приказна ќе биде размрдана од Венера. Време е за важни одлуки!

Ноември: Овој месец го почнувате со енергија која го загрозува вашиот успех, но Венера ве поттикнува да ги искористите своите таленти. Покажете издржливост и истрајност, тоа ќе ги воодушеви луѓето околу вас. Разговорите за љубовта и вашата иднина ќе ја зајакнат вашата врска.

Декември: Имате некое чувство дека и покрај вашите напори, проектите не напредуваат. Но, Марс ви испраќа позитивни вибрации и ве поврзува со вистинските луѓе.