Стрелец

Стрелец (22. XI – 21. XII)

Работа

Ако се занимавате со приватен бизнис, подгответе се да вложите финансии, но и ризик во тоа. Бидете внимателни во однос на склучувањето договори. Пролонгирајте ги роковите за завршување на ваквите работи доколку можете и оваа недела завршете ги само оние рутински работи кои мораат да бидат завршени. Ако се поставите паметно, ви претстои добра заработувачка. 

Љубов

Ако сте во врска, оваа недела ќе ги имате емоциите под контрола, па поради тоа ќе бидете благодарни како се поставувате кон саканата личност. Бидете подготвени на компромис ако правите планови за заедничка иднина. 

Слободните Стрелци посакуваат нежност и романтика, а тоа можат да го добијат од една личност која ќе ја сретнат на едно од дружењата кои ќе бидат чести оваа недела. Уживајте во времето поминато со другите луѓе, тоа ќе ви помогне и да си ја вратите самодовербата. 

Здравје

Најдете време да се опуштите. Можни се проблеми со желудникот.

Работа

Бидете внимателни на работното место, бидејќи можни се прераспределби кои нема да ви се допаднат. Однесувајте се одговорно и посветено и не се нервирајте за оние нешта кои не зависат од вас. Ако ја задржите смиреноста, можен е голем напредок на ова поле. Втората половина од месецот ви носи потреба да донесете некои важни одлуки, па затоа размислете добро.

Љубов

Ако сте во врска: Во партнерските односи ќе бидете многу емотивни, но и насочени кон самоанализа, личен раст и развој. Задржете го отворениот ум и потрудете се да не се затворате во себеси. Доаѓаат многу важни промени за вас, но не се оддалечувајте од саканата личност.

Ако сте слободни: Ова е период за личен развој и самоспознавање и за слободните Стрелци, па така добро е да се оддалечите од сите оние кои сакаат да ви се приближат. Пробајте да излезете од некои кругови и шаблони на однесување. 

Здравје

Можни се главоболки и проблеми со стомакот.

Работа

Оваа година ќе бидете многу посериозни на професионално поле, но тоа е само поради тоа што имате многу обврски кои не ги завршивте во 2019. На почетокот на годината ви доаѓа непријатно искуство кое ќе ви донесе голема лекција и ќе ве промени од корен. 

Ќе се осврнете на личните финансии и ќе сфатите колку е важно планирањето и штедењето. Доаѓа до убави промени, но ќе морате да го издржите почетокот на годината.

Љубов

Ќе се посветите на љубовта оваа година и ќе се потрудите да ги средите сите конфликти кои ве мачат од 2019. Вам ви е потребна повеќе слобода, но партнерот не го сфаќаше тоа досега, па ќе мора добро да се објасните.

Ако сте слободни, ќе бидете посветени на иднината и на тоа да најдете личност која сакате да биде дел од вашата иднина. Ќе сакате само нешто сериозно, а не авантури на кои бевте навикнати досега.

Здравје

Здравјето ќе биде стабилно, освен неколку депресивни моменти кои ќе ве мачат оваа година.