Оваа недела важно е самите да ја изградите сопствената приказна и да му ја раскажете на светот. Никој друг не ја одредува содржината на вашата приказна освен вие самите. Време е за акција и за исполнување на целите кои долго се плашите да си ги кажете гласно. Научете ги лекциите и утврдете колкаво влијание имаат другите луѓе од минатото над вас.
Работа
Ова е период во кој можно е да се соочите со мали непријатни ситуации на работното место, но и да ги решавате брзо. Колку и да ви изгледа дека добро се координирате со колегите, под површината тоа и не е баш така. Тоа што вие го мислите не значи дека е исто и на другата страна.
Потпрете се на својата интуиција и на она што знаете да го правите најдобро, а тоа е да ги решавате ситуациите смирено и без паника. Одржете ги сите важни состаноци и внимавајте на финансиите.
Љубов
Ако сте во врска, оваа недела важна е отворената комуникација, а потрудете се ништо да не криете од саканата личност. Имате предуслови да поминете низ една убава недела, но не правете компликации од ништо. Лесно ќе ги надминете драматичните моменти само ако знаете зошто сте со таа личност и која е вредноста која таа ја носи во вашиот живот.
За слободните Стрелци доаѓа една убава љубовна недела. Доаѓаат интересни ситуации и флерт со нови личности. Неодоливи сте и шармантни за другите, искористете го тоа да најдете личност која ви одговара.
Здравје
Грлото ви е чувствително, чувајте се од настинки на променливото време.