Риби

Риби (19. II – 20. III)

Работа

Можно е некои колеги или влијателни личности да ви помогнат да ја смените перспективата и насоката на делување, но и да постигнете успех на ова поле. Секоја помош која ќе ја добиете ќе ви биде добредојдена и клучна за да бидете успешни. Бидете храбри, но имајте ги предвид и ризиците кои би можеле да се јават особено кај големите проекти.

Љубов

Ако сте во врска, Венера ви носи допир на страста и романсата, па повторно ќе ја разбудите страста во врската. Ова ќе ви дојде добро по еден досаден и рутински период од зимата. 

Слободните Риби имаат  бурен период и многу причини за флерт. Ќе треба да одлучите дали да влезете во авантура или пак врска која ќе се развива на долг рок. Изберете ја личноста која ве почитува. 

Здравје

Здравјето е добро, но потребен ви е одмор.

Работа

На почетокот на месецот вашата интуиција е на високо ниво и ќе успеете да постигнете големи потфати, но и да бидете амбициозни бидејќи ќе верувате во себе. Ова ќе биде успешен период за Рибите но само ако останете смирени и трпеливи. 11 април е одличен месец за да побарате покачување или пак да зборувате за унапредување на вашето работно место.

Ќе биде неопходно да останете трезвени особено во комуникацијата со личност која ви нуди нешто за што не го знаете финалниот исход. Можно е да бидете искористени од некоја личност поради вашата добрина, но не го земајте тоа при срце бидејќи кармата ќе го направи своето. Тоа може да е личност родена во знаците Водолија, Девица или Близнаци. Не ги доверувајте своите планови на луѓе кои се ваша конкуренција. 

Многу ваши планови се реални и ќе бидат исполнети во текот на април, а тоа ќе ве натера и да планирате за следните месеци и што е најважно, да се чувствувате добро во однос на работата. Сонцето во Овен престојува во вашата куќа на финансии, па така можни се и финансиски добивки во однос на работата, но ограничете ги своите трошоци бидејќи ќе биде важно да штедите. 

Љубов

Ако сте во врска, 2 април ви носи интересни разговори со саканата личност и можност да ги разрешите проблемите од минатото. На 6 март, Венера прави хармонична конјункција со Марс носејќи ви можност да зборувате искрено и отворено и да уживате во миговите со саканата личност.Љубовта ќе ви биде на прво место,  а тоа ќе ви се допаѓа во овој пролетен месец. Ќе бидете смирени и стабилни и ќе уживате во блискиот однос, а тоа ќе ви помогне да се ослободите и од стресот од секојдневието. 

Ако сте слободни, за некои Риби доаѓа можност да запознаат сродна душа на работното место. Но, не дозволувајте таа личност да ви го наметнува својот систем на вредности, туку бидете свои. Ако почнете врска со еден Овен или Стрелец, тоа би можело да ви биде напорно овој период поради нивната енергија. 

Здравје

Овој месец ви носи добро здравје, само е важно да бидете внимателни на исхраната.

Работа

Оваа година носи остварување на плановите, особено оние кои се однесуваат на работата. Ако сте вложувале големи напори во изминатиот период, сега е време да ги соберете плодовите. Оваа година ќе ви биде наклонета од многу аспекти. Сепак, ќе бидете малку сомничави бидејќи сте поучени од искуството, од изминатата година.

Ова е и година на одлични пријателства со колегите, така што ќе воспоставите добар однос и дружењето ќе биде присутно како на работа, така и после работа.

Љубов

На ова поле, ќе бидете фокусирани на себе и на своите приоритети. 

Ако сте во врска, тоа ќе биде малку чудно за саканата личност, но ќе треба добро да објасните зошто ви е потребно тоа. Можни се мали конфликти поради љубомора особено во текот на летните месеци, но ако врската е силна многу лесно ќе ги надминете.

За слободните Риби, друштвените мрежи ви нудат можност да започнете романса. 

Здравје

Зголемете го внесот на калциум и внимавајте на коските.