Рак

Рак (21. VI – 22. VII)

Задоволството ви е најважно. Венера влегува во Лав во понеделник помагајќи ви да ги најдете сите оние нешта кои ви носат задоволство и уживање. Во недела, ретроградниот Плутон влегува во Јарец и ви помага да се зближите со луѓето и да ги надминете конфликтите. Во текот на истиот ден, Меркур влегува во Близнаци што ве носи  на интересно духовно патување.

Работа

Ова е период во кој ќе треба да се водите од сопствената интуиција и мудрост. Пробајте да ги избегнете преговорите и договорите кои можат да се избегнат. Ова не е и најдобра недела за потпишување договори. Ако се занимавате со уметност, почетокот на овој период е особено поволен.

Некој ќе ви понуди ново работно место. Очекувајте поддршка од Стрелец или Јарец.

Љубов

Раковите оваа недела излегуваат од неповолен период  кој владееше во нивните љубовни односи во изминатиот период. Така, комуникацијата со саканата личност станува поопуштена, а се јавува и можност лесно да ги решите проблемите во врската.

Слободните Ракови имаат можност да почнат сериозна врска. Некоја личност на позиција која многу добро ве познава, ќе се обиде да ве фасцинира. Ви годи друштвото на Лавовите и Водолиите, а еден Јарец чека да го забележите.

Здравје 

Избегнувајте прејадувања.

Јуни го носи почетокот на вашата сезона. 

Работа

Крајот на мај ви донесе одредени вести, но ништо не беше толку конкретно колку што вие посакувавте. 

За родените во овој знак, јуни почнува релативно поволно бидејќи тоа ви носи можност за напредок на работното место. Жените некако ќе бидат поуспешни од мажите во овој период, без оглед на тоа со што и да се занимавате. Но, не претерувајте во желбата да доминирате, туку бидете флексибилни. Ако немате направено никакви грешки, не постои причина за страв. Напротив, успехот е пред вас. Можна е само мала збунетост на средина на месецот и тоа во комуникацијата со странските колеги. Некој ќе се потруди да ве поколеба или пак да влијае на вашата одлука, но во овој период, не треба да го дозволите тоа. 

На 3 јуни, полната Месечина во Стрелец, ви носи среќна кулминација на нешто што сте го очекувале некое време. Тоа дополнително продолжува на 5 јуни кога Венера влегува во Лав во втората куќа на ресурси. Ова е одличен период да си го дозволите тоа што одамна го посакувате. 

На 11 јуни, Плутон го продолжува своето ретроградно патување и влегува во Јарец. Ова е одличен период да најдете добри навики кои ви помагаат да се одморите по долгиот напорен ден и потсетување дека одморот е клучен за да бидеме продуктивни на работното место. 

Заокружете го 18 јуни во својот календар бидејќи ова е ден кој е совршен за романса. Сезоната на Раковите почнува на 21 јуни што е одличен период за вас да замислите желба и да се изборите за она што го заслужувате. 

Љубов

За слободните Ракови, јуни носи можност за романса на работното место. Ќе бидете импресионирани и од луѓе кои често патуваат, кои се занимаваат со политика и кои се на добра позиција. Ако ви се допадне некој лекар или пак личност која се занимава со уметност, вие сте тие кои ќе треба да го направат првиот чекор. 

Ако сте во врска со спортист, или некој амбициозен партнер, ќе морате да сте спремни да правите компромиси, но и да попуштите во одредени аспекти. 

Конекцијата на Венера со Нептун на 2 јуни ви носи поттик да ги гледате работите низ розови очила. Тоа е убаво, но не се губете во идеализација на другите луѓе. 

Младата Месечина на 17 јуни ви носи убав момент да се одморите. Ако имате можност, заминете на кратко патување со саканата личност. 

На 26 јуни кога Меркур влегува во вашиот знак ќе бидете позаинтересирани да среќавате нови луѓе, а ова е транзит кој е особено позитивен за слободните Ракови бидејќи може да донесе нов партнер во нивниот живот. 

На 30 јуни, Нептун почнува да се движи ретроградно во Риби што може да извади некои тешки вистини на површина. Само бидете искрени во комуникацијата и сè ќе биде во ред. 

Здравје  

Можни се повреди при спортување. 

Ова е година на големи успеси!

На одредени моменти, можно е да се чувствувате како работите да не одат онака како што ги имате замислено. Но, оваа година носи измешани резултати за вас, драги Ракови. Вашиот ентузијазам и волја да бидете посветени на важните аспекти од вашиот живот, ќе ви донесе одлични резултати.  Особено успешен ќе биде вториот квартал од 2023 кога со поддршката од Јупитер ве очекуваат многу ситуации во ваша полза.

Сатурн би можел да предизвика мали предизвици, но наместо да се нервирате за тоа, добро би било да размислите што можете да научите од таквите искуства и во која насока сакате да се движи вашиот живот. Планетите го чуваат вашиот грб, а особено Венера која ќе биде особено активна во третиот квартал. Планетата Кету ќе биде активна на полето на вашето здравје и благосостојба. 

Љубов

Оваа година, транзитот на Венера и Марс, планетите кои владеат со љубовта и бракот ќе се погрижат да имате изобилство љубов. Јупитер и Сатурн исто така ќе осигураат дека во голема мера ќе бидете поврзани со оние кои ви значат. Брак е на повидок за сите оние кои се подготвени на тоа. 

Советот од планетите е дека треба да бидете внимателни бидејќи вие сте нежни и емотивни личности кои лесно можат да бидат повредени. Поентата е да научите да се носите со разочарувањата (ако дојде до нив) и да не запаѓате во темнина ако се случи нешто што можеби не сте го очекувале. 

Марс е ретрограден на почетокот на годината и тој сам по себе може да донесе мали проблеми во комуникацијата. Ако сте сами, во овој период можно е да се чувствувате депресивно, нерасположено и изолирано. Но, потрудете се да поминете време со семејството и пријателите. 

Првите месеци од 2023 година би можеле да ви донесат понуда за брак. 

За оние кои се слободни, можно е Јупитер да донесе отворено признание на чувствата од некоја личност која долго време ве чува во своите мисли. Сепак, оваа година носи голем потенцијал да најдете љубов преку професионалните и друштвените мрежи. 

би можел да донесе турбуленции во љубовните односи, особено во оние партнерства каде не постои солидна основа, разбирање и љубов. Ако сте во потешка врска, ќе морате да научите дека љубовта функционира само како целина и дека потребни сте еден на друг. 

Вториот дел од годината ќе биде поубав и посладок на ова поле. Без оглед на вашиот љубовен статус, вие ќе бидете порасположени, отворени за комуникација и нови луѓе, но и за романса и нови нешта ако сте во врска. Тоа ќе донесе силни чувства и страст во врските и ќе донесе нова перспектива кај оние Ракови кои се во подолги врски. 

Финансии

Ова поле ви носи големи успеси. Хороскопот за 2023 година ветува финансиски успех и сигурност. Марс ви носи големи можности да заработите пари, а планетите ве советуваат да ги прифатите понудите за дополнителна, хонорарна работа, бидејќи тоа за вас носи голем потенцијал за заработка. Особено ќе бидат успешни оние Ракови кои работат со странство или имаат работа во која често се патува.

Успех ги очекува и оние кои имаат сопствен бизнис, особено ако станува збор за фабрика. Планетите ви се наклонети во текот на оваа година и ви носат силна експанзија и моќни партнерства во средината на годината. Но, во текот на целата година, Марс и Сатурн ќе ве предупредуваат да внимавате да не носите брзи и нагли одлуки и да бидете внимателни во однос на вашите инвестиции. Особено бидете внимателни со оние личности кои многу ветуваат, а многу малку остваруваат. 

Во третиот квартал од годината, можно е да дојде до зголемени трошоци. Сатурн и Раху ќе ве водат кон некои неочекувани трошоци, но и импулсивно трошење. Генерално, иако имате голема наклонетост од планетите во текот на целата година, ќе биде многу важно да внимавате колку трошите и какви одлуки носите. 

Кариера

Ако посакувате успех, ќе морате да излезете од својата лушпа и да бидете храбри. Само така ќе дојдете до успех и просперитет во 2023 година, особено она што вие го имате на ум. Ова е и добра година за да се ослободите од некои свои тврдоглави навики кои го ограничуваат вашиот личен и професионален развој. 

Сатурн е моќен во 2023 година, а тој го цените напорот и вредната работа. Затоа, ако се посветите на нешто што ви значи, оваа планета ќе ве награди за вашиот труд. Успехот е неизбежен за сите оние Ракови кои ќе бидат вредни и активни. Но, чувајте се од коментарите на злобните луѓе и сите оние чии коментари би сакале да направат да се чувствувате лошо. Ако досега немавте идеја какви се луѓето во вашата околина, 2023 година ќе ви го покаже тоа.

Меркур е планетата на комуникацијата која може да не ви ја даде поддршката која ви е потребна во периодот меѓу јули и септември. Затоа, трудете се внимателно да комуницирате, да не го кажувате она што не го мислите и да се извините ако сепак сте кажале нешто несоодветно. Ако очекувате унапредување или раст на платата, тоа ќе се случи во втората половина од годината. Тоа ќе ви донесе и важни познанства и контакти. Во овој период е значајно и да се потпрете на интуицијата и да побарате совет од оние луѓе кои се експерти во одредена област. Ако е потребно, слушнете го советот и од вашите најблиски. 

Здравје

Низ текот на целата година, Сатурн ќе има големо влијание на вашето здравје, што ќе ве натера да бидете свесни за тоа што внесувате во себе. истовремено, можно е да се чувствувате уморно и истоштено и да ви бидат потребни многу одмор и релаксација. Секогаш кога ќе треба да земете одмор, Сатурн ќе ве потсетува да го направите тоа и да го слушнете своето тело. Ова е година во која е многу важно да се грижите за себе.

Дополнително, Јупитер ќе донесе големи промени во вашиот живот. Ако забележите мали здравствени проблеми, тој ќе ве поттикне да се посветите на терапија, медицина и други третмани кои ќе ви помогнат. Не го губете оптимизмот, туку направете го она што е неопходно за да го подобрите своето здравје. 

Лесно е да се каже, но потешко е да се направи тоа – сепак, важно е да ги намалите грижите и да не дозволувате стресот да влијае на своето здравје. Секогаш кога ќе почувствувате дека тоа се случува, направете го она што е потребно за да го подобрите своето расположение и ментално здравје. 

Хороскоп по месеци

Јануари: Овој месец би можел да ви донесе притисок дека што и да правите не е доволно. Имате чувство дека луѓето околу вас не се среќни. Но, со поддршката од Нептун и Уран ќе успеете работите да ги видите од нивна перспектива. На полето на љубовта, ова е месец кога не е толку важна романсата, колку што е клучно да си дадете поддршка еден на друг и да се посветите на конструктивни разговори. Слободните Ракови би можеле да запознаат личност која ќе ги заведе со својата интелигенција.

Февруари: Овој месец и натаму ви носи неусогласена енергија, па се чувствувате затворени и изолирано. Вашето професионално окружување ве става под притисок и ви делува тешко да ги постигнете своите цели. Потпрете се на својата внатрешна енергија и најдете мир во себе кога работите изгледаат претешки. Вториот дел од месецот ви носи генијална идеја. 

Март: Тензиите се смируваат и би требало да се чувствувате многу подобро. Космичката енергија го зголемува вашиот сомнеж и ви помага да се оддалечите од оние кои не ви мислат добро. Полната Месечина ви носи одлични идеи, но ќе морате да направите некои постапки за да го сочувате мирот. Венера ве поврзува со луѓе кои имаат чувства кон вас.

Април: Преплавени сте со чувства, но и самите не знаете зошто. Планетите ви носат храброст и упорност, а тоа ве спречува од донесување нагли одлуки. Меркур ве поттикнува да комуницирате и да запознавате нови луѓе, а тоа може да ви донесе и романтична средба.

Мај: Вашиот живот се подобрува благодарение на поддршката од Јупитер, кој најавува подобро расположение. Ќе се чувствувате како да сте родени под среќна ѕвезда и што и да направите ќе биде успешно. Ова е добар месец за барање нова работа.

Јуни: Доаѓаат нови можности за вас, а вие го чувствувате растот и развојот. Иако тоа се случува полека, но сигурно, бидете внимателни да не ги пропуштите работите кои го подобруваат вашето секојдневие. Изградете баланс и најдете ги оние работи кои ве прават среќни. Љубовта е мирна и конструктивна и тоа ви годи.

Јули: Работите се подобруваат значително, а за вас доаѓаат интересни можности, кои можеби и не сте ги очекувале. Ова е месец кој ви носи добра енергија која ве охрабрува да делувате во најдобра насока. За да го направите тоа, избегнувајте да се сомневате во себе и своите способности, туку верувајте во себе. Со своите потези ги воодушевувате луѓето, а некои од нив се подготвени да ви понудат поддршка. Ако сте сами, во вашиот живот може да влезе харизматична личност која ќе ве освои.

Август: Постепено станувате свесни за своите можности, но вашите таленти се откриваат и од другите луѓе. Среќата е тука за вас и доаѓа во вистинско време. Нема лоши изненадувања, само верувајте во себе.

Септември: Ова е месец во кој вашата кариера се движи во вистински правец, но не се грижете ако тоа оди побавно. Не се жалете, туку уживајте во успехот кој постои но можеби не го забележувате, бидејќи ја гледате само големата слика. Ова  е месец во кој ќе треба да направите избор и да донесете голема одлука.

Октомври: Имате чувство дека работите тапкаат во место, а луѓето околу вас не ги исполнуваат своите ветувања. Средината на месецот ги подобрува работите, но вие секако ќе треба да останете трпеливи. Во љубовта, можни се недоразбирања. Но, ако сте сами, можен е почеток на врска со шармантна и духовита личност.

Ноември: Ова е месец во кој би можеле да запознаете личност која би сакала да ви помогне. Тоа ќе ве направи среќни и исполнети и ќе ви даде генерално добро чувство за сите аспекти од вашето живеење. Можеби на моменти ќе се чувствувате како да сте отфрлени или неразбрани, но потрудете се да ги смирите своите емоции.

Декември: Последниот месец од годината го отстранува застојот и и носи напредок. Чувствувате потреба да ги остварите своите амбиции, но имате и поддршка од планетите. Венера ви ветува љубов и романса.