Рак

Рак (21. VI – 22. VII)

Работа

Сосредоточени сте кон тоа да создадете нешто ново, или пак барање нова работа. Sвездите ви се наклонети во однос на тоа овој период. Слушајте ја интуицијата оваа недела. Што и да започнете оваа недела, ќе успеете во тоа.

Љубов

Ако сте во врска, бидете отворени за дијалог со саканата личност. Комуникацијата ќе го подобри вашиот однос, а добро е да ги слушнете советите од саканата личност. 

Ако сте слободни, можно е да го поминете овој период со каење во однос на минатото. Бидете внимателни, не навлегувајте во предлабоки анализи кои нема да ве однесат никаде. 

Здравје

Најдете време за одмор.

Работа

Можни се препреки на ова поле, па важно е да останете прибрани. Универзумот го тестира вашето трпение, упорност и совест, па ставени сте на голем тест овој месец. Пробајте да најдете конструктивни решенија и да се прилагодите на луѓето околу вас. Одложете ја работата поврзана со документација.

Љубов

Ако сте во врска: Доаѓа до стабилизација во партнерските односи. Веќе нема да имате толкава потреба да ги наметнете своите ставови, туку ќе ви биде важно да ви биде убаво со саканата личност и тоа е добро. Можно е на моменти да избувнете и да го изгубите тактот, но најважно е да се трудите да останете смирени.

Ако сте слободни: Слободните Ракови ќе се чувствуваат како да им пораснале крила. За некои е можна романса, а за други разочарување. Настојувајте да го држите тоа ниво на енергија, без претерани турбуленции.

Здравје

Внесувајте витамини и минерали. Можни се повреди за некои Ракови.

Работа

По особено тешката година низ која поминавте, време е за ретроспектива и собирање на резултатите. Веќе на 10 јануари доаѓа до реализација на плановите кои ги имавте во 2019. Веќе ќе ги нема работите кои ви одземаа многу време, па ќе можете полесно да дишете. 

Потребно е да се тргнете од ризиците и да се фокусирате само на она што ви е важно, оваа година. На полето на финансии, доаѓа до благ раст кој ќе ви дојде добро да ги реализирате саканите планови. 

Љубов

На ова поле, ако сте во врска или брак, добро би било да се преиспитате и да разговарате со саканата личност за тоа како да продолжите понатаму. Во последно време, ви пречат многу работи но треба да седнете и да разговарате искрено. 

Многу Ракови ќе посакаат слобода и ќе донесат одлука да ја прекинат врската. 

Ако сте слободни, првите три месеци ви носат можност да влезете во врска. Ако не ја искористите таа прилика, можна е промена на љубовниот статус дури на есен.

Здравје

Ќе ви падне виталноста во текот на првите месеци, а можни се и проблеми со желудникот. Внимавајте на своето здравје.